Македонија
Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Првиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес одржа средба со професорот д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, и Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик.
На средбата тема на разговор беа заложбата за поддршка и негување на македонскиот јазик и културата, на Владата и на Секретаријатот за европски прашања, со посебна важност во процесот на евроинтеграција.
Проф. д-р Људмил Спасов и Советот за македонски јазик, во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и реномираните лингвисти, македонисти и професори имаат важна улога во изработката и реализацијата на закони и проекти што го негуваат и унапредуваат македонскиот јазик. Покрај ова, Владата на Република Северна Македонија и институциите континуирано ја поддржуваат реализацијата на разни проекти поврзани со развојот и промоцијата на македонскиот јазик, како и преводот на европското законодавство на македонски јазик.
Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој беше изгласан во јануари 2024, што претставува нов и современ закон, кој ги заштитува и унапредува македонскиот идентитет и културата, како и закон што применува соработка и јавна дискусија со сите заинтересирани страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.