Македонија
Пендаровски: Апелирам до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се крева реториката на меѓунационална основа
Она што вчера го видовме на митингот на ДУИ и одговорот што го чувме од главната опозициона партија мислам дека е реторика што не ни е потребна во Македонија, порача попладнево од Демир Хисар кандидатот за претседтел, Стево Пендаровски.
Пендаровски упати апел до ДУИ и до Христијан Мицкоски да се воздржат од засилување на реториката на меѓунационална основа.
„Значи апелирам до двете страни, немојте два дена три дена пет дена пред изборите да ја кревате реториката на меѓунационалната тема, затоа што таа е многу чувствителна, многу експлозивна, знаете дека имавме конлфикт во 2001, одвај се вративме, одвај се опоравивме и во принцип, не сакам која било политичка партија на темата на национализмот да добива изборен поен. Зошто? Затоа што што ќе правиме кога ќе завшрат изборите? Ова што јас го кажувам било што на која било тема како претседател во време на избори има сосем друг ефект кај луѓето на улица. Што ако некој поттикнат од моите зборови или од реакцијата на моите зборови, направи некоја беља на национална основа? Знам дека во овој случај станува збор за луѓе кои се искусни, кои не се вчерашни, но сепак би апелирал, дајте со разум, да се вратиме на она што е најбитното за Македонија. Најбитно е економија и социјална политика и борбата против корупцијата. Мораме да го кренеме стандардот на граѓаните и немојте да ги креваме тензиите со муабети кој е поголем патриот од кого“ рече Пендаровски.
Пендаровски повика темата за тоа кој бил победник во конфликтот во 2001 година, конечно да се остави на страна.
„Оставете ги тие работи што било 2001 година. Затоа уште еднаш апелирам да ја оставиме таа тема на страна. Овде сме сите во заедничка куќа, да живееме како една сложна фамилија и заеднички да си решиме проблемите. Во таа 2001 година немаше победник. Сите бевме губитници, а Македонија најголем“ истакна Пендаровски во Демир Хисар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

