Црна хроника
Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Девојка од скопски Чаир, во полиција пријавила дека заедно со членови од нејзиното семејство биле нападнати и истепани од неколку лица од Скопје.
Имено на 01.05.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.С.(28) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот во нивниот дом на подрачјето на Чаир, таа, нејзиниот татко Т.С, нејзиниот чичко Д.С., нејзинатата тетка М.А. и нејзината сестра С.С. биле физички нападнати од И.Р., Б.С.,С.С. ,О.С и И.С., сите од Скопје, кои притоа употребиле и тврд предмет.
Полицијата соопшти дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга-Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Е.Н. од село Велешта, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
фото: архива
Црна хроника
Жена од Тетово измамена за 2.000 евра: ѝ кажале дека ќерка ѝ предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје со смртни последици

Вчера во 12:40 часот во СВР Тетово, 83-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното лицето и се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предзвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која починал малолетник и доколку не сака таа да оди во затвор треба да донесе пари во Скопје.
Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје, 75-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на 19.09.2025 околу 21:00 часот настанал пожар во нејзината куќа на подрачјето на Гази Баба.
М.Д. го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото.