Црна хроника
Кривична за охриѓанец: предизвикал пожар во казино

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лицето „предизвикување општа опасност“.
Тој се сомничи дека на 04.05.2024 со запалива течност предизвикал пожар во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид.
Повредени лица нема, а била предизвикана само материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи: уапсени лица од кавадаречко и Крива Паланка

Вчера во 00:55 часот во Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 29-годишниот Д.В. од Крива Паланка, затоа што при увид на сообраќајна несреќа на улицата „Свети Јоаким Осоговски” во која учествувал Д.В. со патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки ознаки, било констатирано дека има 1,80 промили алкохол во крвта.
Исто така вчера, во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци – село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 65-годишниот В.А. од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот.
По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Лишен од слобода возач во Кумановско: возел побрзо од дозволеното

Вчера во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 37-годишниот М.Б. од Арачиново.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници во село Љубодраг, кумановско, запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Б. и било утврдено дека управувал со возилото со брзина од 91 километри на час во населено место, каде максимална дозволена брзина е 40 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“
Црна хроника
Напад со нож во Струшко, уапсен 18-годишник

Вчера во 20 часот, во ОВР Струга лишен од слобода е 18-годишниот А.А. од струшкото село Франгово кој се сомничи дека претходно, во селото Долна Белица, физички, а потоа и со нож го нападнал Ф.Р.(60) од истото село.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.