Црна хроника
Вкупно шест и пол години затвор за прегазувањето на студентката
Љубиша Видојковиќ кој е обвинетиот за прегазувањето на студентката Фросина Цековска е осуден на шест и пол години затвор.
За делото тешки дела против безбедноста на луѓето судот му одреди казна затвор од 6 години и 4 месеци, додека за делото неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода му одреди казна затвор од 5 месеци, или единствена казна затвор за двете дела од 6 и пол години. Покрај тоа, Судот му изрече забрана на Видојковиќ да управува со моторно возило во рок од една година.Вештачењата покажаа дека Видијковиќ бил пијан и возел брзо, а девојката беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала.Семејството на девојката неколку пати во јавноста изразија сомнеж дека зад воланот на возилото кој ја прегази ќека им не седел обвинетиот Љубиша, туку некој друг кој го штителе моќници.По сообраќајката возачот избега, а по кратко време во полициската станица во Ѓорче Петров обвинетиот Видојковиќ сам се пријави во полиција.Обвинителката, пак, во завршните зборови во петок тврди дека обвинетиот бил снимен на безбедносните камери.„Обвинетиот, чиј идентитет не е спорен, иако во јавноста постоеше тенденција да биде оспорен, е снимен од безбедносните камери, но како клучен доказ е направената ДНА-анализа, со која се потврдува дека Видојковиќ управувал со возилото со кое била удрена Фросина#, рече обвинителката.Одбраната на Видојковиќ во својот завршен збор истакна дека Обвинителството во ниту еден момент не успеало да докаже дека обвинетиот го сторил делото кое му се става на товар.„Напротив, и снимките од безбедносните камери и вештачењето покажаа дека виновник за несреќата не е обвинетиот, туку сега починатата, која поминувала пешачки на црвено светло на семафорот“, рече Мицев.Обвинетиот во својот завршен збор ја призна вината за второто кривично дело кое му се става на товар – неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.„Бев во шок, но немав намера да бегам“, рече Видојковиќ пред Судот. Родителите на студентката на минатите рочиште беа гневни и обвинија дека судењето се одолговлекува намерно./кај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

