Црна хроника
Го привеле откако дома му нашле марихуана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/privedeni-960x641.jpg)
Полициски службеници од ОВР Радовиш вчера во 16:10 часот го лишиле од слобода радовишанецот В.Х.(35) откако при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Како што соопшти МВР, за настанот бил запознаеен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
18-годишник од Штип тешко повреден во сообраќајна незгода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/soobrakajka.jpg)
Денеска, во 1.50 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата Лески во Штип, патничко возило „ситроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Г. С. од Штип, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда, па во паркирано патничко возило „волво“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот Б. Д., 18-годишник од Штип, констатирани во Клиничката болница во Штип, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.
Топ
Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/soobrakajka-1.png)
Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Б. Ј. од село Селемли, општина Богданци, и товарно возило „ивеко“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С. А. од село Стојаково, општина Богданци, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добил Б. Ј., кој на пат кон комплексот клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт, соопшри МВР.
С. А. добил телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од екипа на ОВР Гевгелија.
Црна хроника
Претрес во Тетовско, пронајдена дрога, приведен дилер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/kokain.jpeg)
Денеска, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х. Х. (33) од тетовски Порој.
Имено, во периодот од 7.30 до 8.30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории на Х. Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш.
Х. Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.