Контакт

Спорт

Вимблдон зад сцената: Сенката на Орвел над тениските терени

Објавено пред

Безбедоносните анализи за Лондон говорат дека од моментот кога ќе го напуштите својот дом, во наредните 15 минути ќе бидете уснимени најмалку осум пати од различни сигурносни камери (ЦЦТВ). Практично, ако се упатите од дома до најблиската автобуска или метро станица, за целиот пат ќе бидете следени и снимани од камери поставени на отворено.

dobivaj vesti na viber

Во моментот кога ќе влезете во автобус, метро или воз, снимањето со камери ќе биде превземено од нивна страна. Во една прилика изброив дека во еден дабл декер има околу петнаесет камери, кои се така поставени да почнуваат да ве снимаат уште додека чекате да влезете во автобусот, за цело време додека сте внатре, па до моментот кога ќе го напуштите автобусот.

Дополнително, електронски траг за своето движење ќе оставите со тоа што во автобус или во метро станица можете да влезете само доколку платите со електронска картичка, со што се регистрирате во колку часот на која станица сте влегле, и со кој број на автобус или метро линија сте се возеле, односно во кој правец сте патувале. Мобилниот телефон во џеп и неговото ловење сигнал и прикачување од еден предавател на друг, е секундарниот тракинг за вашето движење.

Во моментот кога ќе излезете од автобусот или ќе ја напуштите метро станицата, повторно вашето движење превземаат да го снимаат “осумте камери од 15-те минути”. И така сте следени од ЦЦТВ сè додека сте на отворено, односно не стигнете до крајната дестинација. Нормално, во случај ако таа не е приватен стан, туку работна просторија, ресторант, шопинг центар, јавна установа, болница, тогаш снимањето продолжува и понатаму.

Истиот воајеризам на Големиот брат ве чека и при враќање назат: кога од точката Б ќе тргнете кон точката А (дома).

2.

Дневно во Лондон со јавен транспорт се превезуваат повеќе милиони луѓе. На Гугул може да се пронајде податокот дека секој ден со автобус се возат шест милиони Лондончани, додека услугите на подземната железница ги користат пет милиони патници. Тој човечки метеж, можеби највпечатливо го има опишано српскиот писател Милош Црњански, во романот Роман за Лондон, опишувајќи ја лондонската подземна станица како челуст од аждаја која секое сабајле (во таканаречениот rush hour) проголтува неколку милиони Лондончани, за повторно да ги изблуе на крајот од работниот ден.

Бројката од неколкуте милиони луѓе кои дневно се движат по лондонските улици и се возат во јавниот транспорт, значи дека секој ден за милиони луѓе постои видео запис и електронски траг каде сè се движеле откако го напуштиле својот дом и во кој час, минута и секунда каде се наоѓале. И така секој божји ден сите 365 дена во годината. Во секој момент, секој чекор на секој Лондончанец или турист е следен и снимен и во некои супер компјутери складиран и чуван.

3.

Меѓутоа, можностите кои ги пружа современата технологија за контрола не застануваат тука. Секој кој патувал од Скопје за Лондон веќе навикнал дека на аеродромот во Лутон повеќе не го пречекува сомничав полициски службеник за да му го провери пасошот. На аеродромот постојат десетина метални порти, пред кои во ред, еден по еден, застануваат патниците кои штотуку слетале.

Процедурата за проверка е едноставна: со едната рака го ставате пасошот на скенер, додека со очите гледате во камерата пред вас. Таканаречената технологија optical recognise во секунда ги скенира вашите зеници, и ги споредува со скенираната фотографија од вашиот пасош. Доколку биометритските податоци се идентични, дебелата метална порта се отвара и со зелено светло ви посакува дека сте добредојдени во Велика Британија. Во случај да постои колизија помеѓу камерата и скенираниот пасош добивате известување со црвено светло дека треба да се јавите на шалтер каде полициски службеник ќе ја изврши проверката рачно.

Освен на аеродромите, ова оптичко препознавање е инсталирано и на некои ЦЦТВ камери кои го следат вашето движење низ градот. Тоа значи дека не само што вашата силуета или физикус се гледаат на мониторот додека сте на јавен простор, туку со зумирање на лицето, очите и зениците во секој момент може да биде откриен и вашиот идентитет (име и презиме, дата на раѓање, адреса на живеење, матичен број).

Ако кон тоа се додаде и доброволната масовна опсесија на луѓето за тетовирање, која е добро осмислен дел од социјалниот инженеринг, а не спонтана трендсетерска појава, со која трајно го обележувате сопствениот изглед да биде уникатен и различен од другите, тоа е опција плус за уште полесно да бидете препознани на камерите. Само една мала тетоважа на солза под окото, или крст на вратот, се непроценлиливи податоци во разоткривање на вашиот идентитет, ништо помалку драгоцени од отисоците на прстите од рацете.

Меѓутоа, доброволното изложување на личниот идентитет продолжува во уште еден интимен сегмент: на социјалните мрежи, со само еден лајк, емотикон или збор трајно се демаскирате каков став имате за одредена општествена појава, а со тоа Големиот брат не само што знае каде се движите, туку и како размислувате. Сето ова води до заклучок дека веќе никаква индивидуалност и субјективност на човекот не постои, а за која не знае Големиот брат т.е. државниот апарат.

4.

Зошто сето ова го пишувам и каква врска има ова со Вимблдон и тенисот?

Сè она што ви се случува во градот Лондон, истото тоа ве очекува и на Вимблдон, но на микро ниво. На мал простор, секој ден густо се збиени и до 50.000 посетители, кои делуваат како неконтролирана хаотична маса кој се движи стихијно меѓу тениските игралишта. По истите траси, по кои се движат и најголемите ѕвезди на тенисот: Ѓоковиќ, Синер, Алкараз, а до пред некоја година и Федерер и Надал. Вистински ноќен кошмар за службите кои се задолжени за безбедноста на турнирот, а особено за оние кои се грижат за безбедноста на тенисерите.

 

Кошмар?! Можеби – но, до пред некој Вимблдон од минатото. Денес, секој посетител се следи на камерите додека остава електронски траг на своето движење во тенискиот комплекс, било преку мобилниот апарат, електронски чекираниот билет при влез на тениското игралиште, или електронски платената поло маичка во шопинг трафиките распоредени во целиот комплекс.

Звучи застрашувачки оваа тотална контрола? Зависи како за кого. Сепак, иднината и не мора да биде толку опскурна доколку системот е демократски и е во сервис на граѓаните. Напротив, како ме убедуваше синот на писателот Џорџ Орвел, Ричард Блер, во интервјуто од 2019., многуте ЦЦТВ дури и се позитивни ако се искористат за борба против криминалот.

За секој лојален граѓанин ваквата целосна контрола може и да му влева сигурност дека Големиот брат може да биде и неговиот Ангел чувар, кој во секој момент му дава спокојство дека некој друг се грижи за неговата безбедност и е гаранција дека секој напад на неговиот интегритет многу полесно и побрзо ќе биде разрешен отколку поранешните долги и заплеткани истраги на инспекторот Поаро и Шерлок Холмс.

Затоа, ако нема злоупотреба на технологијата, тогаш освен криминалците, други најголеми жртви од новата реалност би биле писателите на криминалните романи. Во новото време, „Убиството во Ориент Експрес“, наместо да се истражува на 250 страни, ќе биде разрешено со само еден „фреим“ од надзорната камера.

За среќа, фреимовите на Вимблдон се само во функција на соколовото око, а за тоа главен инспектор на турнирот е нашиот Блаже Трифуновски.

Од специјалниот известувач на Макфакс

Ненад Живановски

Спорт

Роџерс Мато има договор со Хартс

Објавено пред

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.

dobivaj vesti na viber

Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.

Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед

Објавено пред

Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.

dobivaj vesti na viber

Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.

„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.

Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.

Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.

Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.

Foto/ depositphoto

Прикажи повеќе...

Спорт

Џабе го поврзуваат со Реал, Клоп нема намера да работи како тренер

Објавено пред

Реал Мадрид, вчера го изненади фудбалскиот свет со одлуката, спогодбено да се раздели до тренерот Чаби Алонсо. Тимот го презеде, Алваро Арбелоа, тренер на Б-тимот на Реал.

dobivaj vesti na viber

Многу работи не се движеа во вистинска насока во Реал. Допрва работите ќе излегуваат на виделина, но јасно е дека Алонсо не само што ја немал поддршката од соблекувалната, туку исто така и клупските челници не биле на негова страна.

Флорентино Перез реши да се раздели со тренерот, откако Реал во неделата, доживеа пораз од Барселона, во Суперкупот на Шпанија.

Првиот човек на Реал, наводно сака да го донесе Јирген Клоп. Славниот Германец веќе 18 месеци не работи како тренер, тој е директор на фудбалските операции во Ред Бул.

„Тоа нема никаква врска со мене. Не барав работа и немам планови да се вратам на клупата таму“, изјавил Клоп и потврдил дека воопшто не му недостига тренерската работа.

„Не ми недостига стоењето на дожд, два и пол до три часа, не ми недостига одењето на прес-конференции три пати неделно, 12 интервјуа неделно, не ми недостига, не ми недостига. Не ми недостига да бидам во соблекувалната, успеав да одиграм околу 1080 натпревари, па многу бев во соблекувалната. Не сакам да умрам во соблекувалната затоа што не е убаво таму, смрди.“

„Можеби нешто ќе се случи, имам 58 години, би можел да донесам одлука за неколку години… Не знам. Дали треба денес да донесам одлука дека повеќе нема да бидам тренер? Фала му на Бога што не морам, можам само да видам што носи иднината. Сега сум во проект што навистина го сакам, сакам да го правам она што го правам токму сега“.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија4 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа4 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет5 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет5 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија5 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија6 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија9 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија9 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија9 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија9 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија10 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија14 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ15 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет15 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет15 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет15 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет15 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...