Uncategorized
Македонецот од кого стравуваат вимблдонските судии
Од Лондон за Топспорт, Ненад Живановски
Светот е мал, а вимблдонскот село на најдиректен начин покажа дека е глобално село. Во медија ресторанот, во кој иако во секој момент циркулираат стотина новинари и медимски работници од најразлични делови на светот, сепак да сретнете Македонец е статистички возможно исто колку и да добиете покана за „чајанка во четири“ од Кралицата. Сепак, чудата се можни и тоа се случи додека седев во ресторанот со таткото на нашиот тенисер Калин Ивановски, Александар. Од соседната маса дискретно ни пријде и нè поздрави на чист македонски јазик еден средовечен господин. Се претстави дека се вика Блаже Трифуновски и дека работи за Меѓународната тениска федерација како официјален контролор на хокај системот (official review).
Во продолжение следи занимливата животната приказна на овој скопјанец, кој со својата професија е алфа и омега на сите големи АТП, мастер и гренд-слем турнири и чиј ангажман често пати претставува последниот – клучен!- фактор, кој решава кој ќе биде победникот на еден тениски натпревар.
„По професија сум специјалист по медицинска биохемија, и работев како началник на лабараторија во Воената Болница во Скопје до 1994. година, кога решив да се отселам во Нов Зеланд. Пред да заминав, рекреативно се занимавав со тенис во ТК Југ, а кога Југославија се распадна, Македонија побара да стане членка на Меѓународната тениска органзација. Еден од условите беше да имаме судиска органзација иод ТК Југ ми доделија тој дел јас да го организирам. Такаи се заинтересирав за судењето, што подоцна ќе се покаже за клучно за мојот живот во Нов Зеланд. Таму, прво што направив беше да станам член на тамошната судиска организација, со што почнав и да работам како тениски судија. Во 1997.година, во Сингапур, го положив тестот и ја добив првата меѓуародна бронзена значка за да можам да работам како тениски судија во столица. Потоа, почнав да патувам на многу турнири ширум светот, многу врати ми се отворија и така почнав да го градам моето име во тенискиот свет“.
Следната пресвртница во судиската кариера на Блаже Трифуновски му се случува во 2006.година, на турнирот во Мајами, кога за прв пат била воведена хокај технологијата, а тој бил одреден да биде првиот официјален контролор за хокај.
„Со овој податок јас сум влезен во историјата на хокај системот, како еден од првите тренирани официјални контролори во светот. Како навлегував во оваа технологија, така постепено го напуштав судењето во столица, а се повеќе се ориенторав како ревју офишал. Од одма сфатив дека хокај системот ќе биде нешто ново во тенисот, и мислам дека направив добра антиципација. Од тогаш до денес, сите турнири кои биле покриени со хокај системот јас ги работев. Тоа се мастер турнирите во Мајами, Индијан Велс, дванаесет години АТП турнирите во Лондон, сите гренд-слемови во Америка, Австралија и Вимблдон, освен Роланд Гарос, кој, поради подлогата, не го практикува хокај системот. Сега имам договор со АТП и позицијата ми е ЕЛЦ координатор (electronic line calling coordinator).
Кога го имате за соговорник најдобриот познавач на хокај системот, разбирливо е и декаќе сакаате да дознаете како функционира тој.
„Тој претставува технологија на целосно следење (full tracking technology). Околу теренот се инсталираат 10-12 хокај камери, кои се независни од телевизиските, и кои снимаат 60 фрејмови во една секунда и го следат топчето во секој момент. Значи, сите 12 камери во исто време го следат топчето и го снимаат. Софтвероткој го користате програмиран да им дава инпут на камерите да следат нешто што е мало, има одреден дијаметар и е со светла површина. Така камерите се фокусирани само на топчето и не ги следат играчите, соборачите на топки или линиските судии. Исто така, пред натпреварот се мерат димензиите на теренот, ако има некои аномалии на теренот, на пример, да има испапчнатина или вдлабнатина, сèе тоа инкорпориано во софтверот.Оттука, камерите кога го следат топчето точно знаат во кој момент на кој дел од теренот е тоа и во кој миг го допира теренот и дали е тоа дел од теренот каде е рамно, или има вдлабнатитаили испапчнатина. Така што, во истиот момент кога ќе се побара од главниот судија проверка на одлука на линиски судија или тенисердека топчето било внатре или надвор од линијата, јас во судиската соба каде седам знам дали е аут или не и го почнувам процесот да биде прикажана анимацијатана големиот дисплеј и на телевизија“.
Принципот на работа на овие хокај камери е сличен со оние камери на фудбалските стадиони, кои се фокусирани на секој играч поединечно и потоасе пресметува колку метри истрчал на натпреварот, на кој дел од теренот највеќе бил позициониран и слично. Техничкиот апсект од работата на хокај системот и како софтверот оперира Трифуновски пластично го објаснува на следниов начин:
„Секој поен е еден фајл. Пред да почне поенот, техничарот им дава клик на камерите и тие почнуваат да снимаат. И кога поенот ќе заврши тие стопираат да снимаат. И тоа е еден фајл за тој поен. На тој начин сите поени кои биле следени од почеток на примената на хокајот од 2006 године, се имаат сочувано. Така, денес ако некој каже дека во 2006. година имало контроверзен поен, можеме да го земеме фолдерот од тој меч, да го отвориме фајлот и да кажеме дали топчето било 12 милиметри надвор или 12 милиментри внатре. Или од меч кој е во тек ако сакате да видите некој поен од пред три геима, или еден сет, доволно е да го знаете фајлот на поенот и веднаш ние можеме да го пуштиме на големиот семафор или телевизија“.
Иако хокајот изгледа совршено непогрешлив, дилемата за обичните гледачи е дали тој може да погреши и дали некогаш она што тие го виделе со свои очи на телевизија е поверодостојно од „соколовото око“.
„Сите системи кога ги тестираме ги тестираме на нивната прецизност и доверливост. Меѓутоа, како и секоја друга технологија и хокајот може да направи грешка и тоа зависи од многу фактори. Направен како технологија за следење на топче кое се движи со голема брзина, има многу елементи кои можат да афектираат во одредени случаји. На пример, кога има сенки во теренот, или пола терен е на сонце, а пола во осојница, тоа може да предизвика конфузија за камерите, бидејќи тие третираат топче кое има една боја и светлост и одеднаш доаѓа до промена кога топчето ќе дојде во сенка. Значи, може во некои случаји да има грешка, но тоа се толку ретки случаји, на пример на 10 илјади поени, еден да биде погрешно следен“.
Ако не може да погреши, дали хокајот може да биде наместен, односно техничарот да манипулира и лажно да го прикаже движењето на топчето на анимацијата која се прикажува на семафорот на тенискиот терен и на телевизиите.
„Не, системот е автоматски, а техничарот само го стартува и стопира кога да почне да го следи топчето и кога да престане“.
Овој фантастичен прогрес и продор на технологијата во тенисот, логично го наметнува прашањето колку еден тениски меч треба да биде покриен со хокај системи за судиите да постанат непотребни?
„Тоа е новата технологија која се користи и се нарекува хокај лајв. Короната беше главниот фактор тој да добие на замав бидејќи постана нужно да нема толку луѓе на теренот, а линиските судии беа голем фактор бидејќи на големите турнири ги имашеи до 400-500 на број. Со преземање на хокај лајвсистемот, турнирите се ослободина од голем број судии. Како наследство од тоа, сега сите турнири во САД се со примена на хокај лајв исамо има судија на столица, а сè останато е покриено од камери. И оваа технологија работи на истиот принцип како хокајот, со тоа што дополнително има снимен и глас за аут, и кога ќе се случи топката да е надвор од линијата се пушта тој снимен глас дека е аут. Сметам дека тоа ќе биде иднината на тенисот, и дека сите линиски судии ќе бидат елиминирани“.
Тенисот како пионир во примената на хокај системот постанува привлечен и за другите спортови, на пример за фудбалот. Дали нашиот соговорник би сакал да гледа фудбал со хокај систем или повеќе сака да се задржи традиционалната драж, а технологијата да остане надвор од фудбалските терени?
„За мене употребата на хокај системот во фудбалот би била добра само за да се одлучи дали топката ја поминала гол линијата или не. За сè друго, како фаул, пенал или офсајт зависи што фудбалот сака да направи во иднина. Дали сакаат да го елимираат човечкиот фактор тотално и во тој случај да го користат хокај системот или не. За мене, за да остане дражот на фудбалот и возбудувањето, би требало да остане да се користи само технологијата за гол, а сè останато да му се препушти на слободното судиско убедување“.
Ваквото размислување е на трагот на вечната етичка дилема за филозофијата на фудбалот: дали дражта и задоволството на играта треба да бидат приоритетни во однос на вистината и правичното судење.
„Истото прашање е присутно и во тенисот. Дали да го употребуваме хокај лајвот во сите ситуации и тогаш кога тенисерот нема да бде сигурен, не застанал и продолжил да игра, а топчето било надвор од линијата. Дали тогаш автоматски хокај лајвот да ја стопира играта. Тоа е дилемата бидејќи од една страна сакаме да ја задржиме традицијата на тенисот, но од друга страна можеме да имаме неточни колови. Во која насока ќе оди тоа не можам да предвидам, но секогаш ќе постои таа дилема во тенисот како и во фудбалот“.
Истата дилема е присутна и во другите спортови. На пример, она чуено финале на 100 метра делфин од 2008. година,на Олимписките игри во Пекинг,помеѓу Миодраг Чавиќ и Мајкл Фелпс. Трката заврши со објаснување на судиите дека Чавиќ прв стигнал на целта, но Фелпс посилно го допрел сензорот. Дали во овој случај, кога би се користел хокајот, победникот поправично би бил одреден?
„Мислам кога хокајот би бил употребен во таа трка дека би одредилстопроцентно кој прв ја допрел целта и за колку време го сторил тоа, без разлика на силината со која таа се допира. За хокај системот не е битна силината на допирот на сензорот, туку само моментот на првичниот физички допир на пливачот со сензорот. Тоа е принципот на кој работи хокајот во тенисот: за него не е важно со колкава силина топчето ја допира земјата и почнува да се деформира од ударот, туку системот ја регистрира онаа микро секунда на прв допир на топчето со земјата“.
Секако дека правдата му е драга на оној во чија полза е, но не ја сака губитникот. Особено на удар се линиските судии кога хокајот ќе покаже дека погрешиле. Оттука, на когонашиот соговорник му е поголем непријател: на судиите или на тенисерите кои грешат во својата одлука?
„Има играчи кои го прифаќаат системот, а има и кои не го сакаат. И тоа е пола-пола. Исто е и со судиите, бидејќи линиските судии се многу погодени со оваа техничка иновација и стравуваат од неа бидејќи им ја одзема работата, но и покажува кога погрешно пресудиле. Можете да бидете и најдобриот линиски судија на светот и пак да направите погрешна проценка за аут. И покрај тоа, сите најдобри светски судии, како Лајани, Фернандес, Чичак, ги познавам и ми се добри пријатели. Сите тие прифаќаат дека технологијата мора да нè води напред, и дека не можеме да останеме каде сме биле пред 20 години. Технологијата навлегува во сите спортови, така што во иднинатанеминовно ќе биде дел и од тенисот“.
А, каков е односот со тенисерите?
„Нормално кога работите во тенисот дека се гледате и се познавате со тенисерите, но тоа е стриктно професионален однос, така што кодексот не ни дозволува ние да бидеме пријатели, да седиме заедно, јадеме и да се социјализираме“.
Од сите мечеви кои ги работел како ревју офишал нашиот соговорник го издвојува следниов како најдраг:
„Финалето на Вимблдон помеѓу Надал и Федерер во 2008 година. На тој меч јас бев единствениот офишал ревју за целиот меч и целите пет часа јас ги одработив. Тоа е мечот кој никогаш нема да го заборавам“.
За еден ден му претстои ново вимблдонското финале. Очекува ли дека ќе има многу работа?
„Очекуваме дека ќе биде голем меч, но и дека ќе имаме многу работа. Ќе мораме да се концентрираме, за финалето да помине без никаков инцидент или контроверзност од наша страна“.
На крајот од разговорот, како фан на Ноле, не можев да се воздржам, а да не го замолам ако во недела има некоја „стани-падни“ ситуација на штета на Ноле, малку и да замижи, не мора баш сè да биде според правилата.
„Тоа е нешто што никогаш нема да се случи, зашто ние мораме да сме неутрални и колку приватно да имаме некој тенисер за фаворит. Како професионаци, тоа во нашата работа е незамисливо“.
Текст и фото од Вимблдон: Ненад Живановски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Земјотрес на првиот крак на Халкидики
Попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики регистриран е земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер.
Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван се до Солун, па и Бугарија. Нема информации за материјална штета или повредени лица.
По првиот, регистриран е уште еден потрес со помала јачина, односно 3,8 степени.
Uncategorized
(Видео) Објавена нова снимка на која се гледа како се поплавува Валенсија
На социјалните мрежи е објавено уште едно видео, кое го прикажува доаѓањето на поплавниот бран во Пајпорта, Валенсија.
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија денес се искачи на 158 лица.
Огромното мнозинство од овие смртни случаи – 155 луѓе – се регистрирани во Валенсија, соопшти регионалниот координативен центар за итни случаи на Платформата „Икс“.
„Процесот на собирање и идентификација на жртвите продолжува“, велат од центарот.
Премиерот Педро Санчез го посети центарот рано утринава.
Spain floods.
Paiporta. Valencia.
Terrific images… 😰 pic.twitter.com/Skj3V2Z3xs
— Tandros (@Tandros_MS) October 30, 2024
Uncategorized
Путин: На дело покажуваме одговорност за иднината на светот
Русија ги идентификува политиката и економијата како некои од главните области на соработка меѓу членките на БРИКС. Имавме цел да го зајакнеме авторитетот на организацијата, да ја зголемиме нејзината улога во светските работи и да ги решиме итните глобални и регионални проблеми. Направивме сè за да ја подобриме и продлабочиме мултилатералната соработка на нашите земји во три главни области: политика и безбедност, економија и финансии, како и културна и хуманитарна сфера, изјави рускиот претседател Владимир Путин на вториот ден од самитот на БРИКС, што се одржува во Казан, главниот град на Република Татарстан, со слоганот „Зајакнување на мултиполарноста за поправеден глобален развој и безбедност“. На самитот учествуваат претставници на 36 земји, како и шест меѓународни организации.
На покана на Путин се одржа седница на БРИКС во потесен состав, на која присуствуваа претседателот на Руската Федерација, Абдел Фатах ел-Сиси – претседателот на Египет, Нарендра Моди – претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, претседателот на Народна Република Кина – Шји Џјинпинг, и претседателот на ОАЕ – Мухамед бин Зајед ал-Нахјан, премиерот на Етиопија – Абиј Ахмед, претседателот на Јужноафриканската Република – Сирил Рамафоса, и министерот за надворешни работи работи на Бразил – Мауро Вијеира.
На продолжената седница Путин рече и дека би било погрешно да се игнорира огромниот интерес на земјите од глобалниот југ и исток за зајакнување на контактите со БРИКС. Во една или друга форма повеќе од 30 земји ја изразија оваа желба. Во исто време, како што истакна рускиот лидер, треба да се одржи рамнотежата и да не се дозволи да се намали ефикасноста на БРИКС. Тој потсети и дека во Јоханесбург е договорено да се создадат модели и категории на земји партнери на БРИКС и да се формира листа на земји што ќе добијат таков статус.
„Сите сме сведоци на динамичниот развој на БРИКС, зајакнувањето на неговата репутација и влијание во светските работи. Земјите што се членки на нашата заедница поседуваат навистина огромен политички, економски, научно-технолошки и човечки потенцијал. Во исто време, нас нè обединуваат заеднички вредности и погледи за светот. Ќе биде точно ако кажам дека БРИКС вклучува истомисленици – суверени држави, кои претставуваат разни континенти, развојни модели, религии и домородни цивилизации и култури. Сите наши земји се залагаат за еднаквост, добрососедство и меѓусебно почитување, за потврдување на возвишените идеали за пријателство и хармонија, за општ напредок и благосостојба. Тие покажуваат одговорност за иднината на светот на дело, а не со зборови, тие имаат навистина позитивно влијание врз состојбата на работите на полето на глобалната стабилност и безбедност и даваат важен придонес во решавањето на акутните регионални проблеми“, рече Путин.
Според кинескиот претседател Џјинпинг, на самитот е одлучено да се поканат многубројни земји да станат партнерски земји. Кинескиот лидер оваа одлука ја нарече уште еден важен настан во развојот на БРИКС. Тој изјави дека земјите членки на БРИКС мора да играат водечка улога во реформата на постојниот глобален финансиски систем. Кина ќе спроведе план за соработка за зајакнување на потенцијалот на земјите од БРИКС во дигиталната сфера, рече кинескиот лидер. Во таа насока тој истакна дека минатата година предложил иницијатива за соработка во областа на дигиталното образование во рамките на БРИКС, пренесуваат медиумите во регионот.
Нагласи дека меѓународната рамнотежа на силите поминува низ длабоки промени, но дека гореспоменатата реформа е далеку зад себе.
Претседателот на Кина повика сите да се придржуваат до концептот на мултилатерализам и да ги земат предвид ставовите на земјите од глобалниот југ.
Според него, Пекинг е подготвен да ја прошири соработката со земјите од БРИКС, вклучително и откривање нови ресурси. Тој додаде дека релевантноста на меѓународниот финансиски систем само ќе расте.
„Земјите од БРИКС треба да ја играат улогата на заштитници на заедничката безбедност“, рече Шји.
Зборувајќи за Украина, тој посочи дека е неопходно да не се дозволи ширење на конфликтот и негова ескалација. „За да се деескалира во Украина, неопходно е да престанеме да додаваме масло на огнот“, посочи кинескиот претседател.
Според светските медиуми, посебен интерес предизвика претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој вчера доцна попладне пристигна во Казан.