Спорт
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го совлада Американецот Томи Пол со резултат 3:1, во сетови 5:7, 6:4, 6:2 и 6:2 и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.
Во првиот сет, кој му припадна на Пол, имаше голема борба и имаше три брејка.
Интересно, Алкараз, кој го загуби овој сет, имаше подобар процент на погодени први сервиси од противникот.
Пол одлично го отвори вториот сет, веќе во вториот гем паузираше, но Алкараз веднаш го врати – слична ситуација како на почетокот на првиот сет. Карлос направи брејк во седмиот гем и го доби сетот (6:4).
Третиот сет започна многу динамично, Алкараз ги доби првиот и третиот гем на сервис на противникот, а Пол вториот. Падна брејкот дури во седмиот гем и третиот тенисер во светот лесно со квалитетна игра го доби третиот сет (6:2).
Во последниот сет Алкараз продолжи со блескава игра и без промашување на првиот сервис лесно дојде до освоениот сет (6:2) и победата.
Шпанскиот тенисер в петок ќе се бори со Данило Медведев за финалето на Вимблдон
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Француз го засили Борнмут

Фудбалскиот клуб Борнмут, најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.
Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.
Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.
Salut, Adrien 🇫🇷👋
We're delighted to announce the signing of Adrien Truffert on a five-year deal from @staderennais 🍒 pic.twitter.com/dnqibKbFgN
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 16, 2025
Спорт
Ал Хилал не се откажува од Осимен, му нуди 50 милиони евра годишна плата

Ал Хилал не се откажува од ангажманот на Виктор Осимен. Нигериецот досега одби неколку понуди да се пресели во Саудиска Арабија. Последната понуда изнесуваше 30 милиони по сезона. За да го уебди Ал Хилал повторно ја зголеми понудата.
Виктор Осимен се врати во Наполи, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај. Осимен не е во добри односи со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Јасно е дека ќе го нашушти клубот, проблем за Наполи е што никој сем Ал Хилал нема намера да издвои 75 милиони евра за Нигериецот.
Од Ал Хилал се упорни, ја зголемија понудата, сега на Осимен му нудат годишна плата од 50 милиони евра.
Дали ќе ја одбие и оваа понуда ќе биде познато во наредните денови.
Спорт
Педро го продолжи договорот со Лацио

Шпанскиот ветеран Педро Родригез и на 38-годишна возраст успеа да добие нов договор.
Челниците на фудбалскиот клуб Лацио имааат целосна доверба во искусниот крилен напаѓач кој ќе остане на „Олимпико“ до јуни 2026 година.
Победникот на Европското и Светското првенство со Шпанија е во Лацио од 2021 година, има постигнато 34 гола на 176 натпревари.
Пред Лацио, тој помина една сезона во градскиот ривал Рома, пет години во Челзи и седум во Барселона.