Спорт
Ламин Јамал со гол во 21. минута стана најмладиот стрелец во историјата на EП

Шпанците дефинитивно се најдобрата офанзивна екипа, не само по голови, туку и по „опасните“ напади. На овој натпревар се чини дека сите напаѓаат, од сите страни.
Тие играат подеднакво добро и на левата и на десната страна, а во средината е Дани Олмо кој може и индивидуално да ја заврши акцијата.
Шпанија е стабилна репрезентација, која го искористи затишјето на Франција по голот за целосен пресврт.
Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал со гол во 21. минута стана најмладиот играч во историјата на европските првенства
Како да поминаа 90 минути игра, а мечот само што почна.
Голема возбуда владее на теренот на стадионот во Минхен создаден од фудбалерите на Шпанија и Франција. Интензивна, брза игра го карактеризира првото полуфинале на Европското првенство.
Пресвртот на Шпанија. Олмо по приемот покажа фудбалска мајсторија и по одбиената топка имаше можност да упати удар кон противничкиот гол, а по пат го пронајде Жил Кунде кој ја смести топката во сопствената мрежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рино Гатузо ја презеде репрезентацијата на Италија

Италија официјално доби нов селектор. Во наредниот период, Азурите ќе ги води долгогодишниот репрезентативец на оваа земја, Џенаро Гатузо.
Еден од најомилените синови на италијанскиот фудбал, синоним за бескомпромисна борбеност, го презеде жешкиот компир.
По шокантниот почеток на квалификациите за Светското првенство и убедливиот пораз од Норвешка (3:0), Италијанската фудбалска асоцијација одлучи да му се заблагодари на Лучано Спалети и да го замени со поранешниот играч на Милан.
За разлика од неговата играчка кариера, која беше полна со трофеи, не само клупски со Милан, туку и со репрезентацијата (стана светски првак во 2006 година), Гатузо како тренер нема забележителни резултати. Од 2013 година, тој раководеше со дури девет клуба, а во ниту еден од нив не успеа да заврши две сезони.
Неговата последна работа беше во Хајдук, а претходно ги водеше Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан, Наполи, Валенсија и Олимпик Марсеј. Тој освои само еден трофеј, Купот на Италија со Наполи.
Спорт
„Мијатовиќ ми го направи животот неподнослив“

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Иван Елгера, упати сериозни обвинувања против Предраг Мијатовиќ.
Шпанскиот фудбалер ја отвори душата во подкаст, каде што зборуваше за сите тешки моменти во дресот на Реал Мадрид, со кој освои две Лиги на шампиони. Животот му го загорчил Предраг Мијатовиќ, кој во тој период беше спортски директор на Реал.
„Управата, особено претседателот, и еден поранешен играч од кого не го очекував тоа, кој тогаш беше спортски директор, Мијатовиќ, ми го одзедоа бројот и ми рекоа дека повеќе нема да играм. Ми го направија животот неподнослив. Навистина не знам зошто. Ми рекоа дека нема да играм и дека сакаат да ме продадат. Имав тригодишен договор, не разбирав, бидејќи штотуку ја освоив лигата и играв“, рече Елгера, кој потоа продолжи:
„Емоционално, бев уништен. Главата ми зборуваше, дека ме уништуваат и дека ми го уништуваат животот. Претседателот дури и не ме поздравуваше, а јас играв.“
Во тие моменти, Елгера доби поддршка од тогашниот тренер Иван Елгера, но поради големиот притисок што го трпеше од други луѓе, мораше да се пресели во редовите на Валенсија.
„Тие луѓе ми велат дека не можат ниту да ме стават на тренинг. Следната година, Мијатовиќ ми рече дека повторно ми го одземаат бројот и дека повторно ќе ми го направат животот неподнослив. И тогаш се појави Валенсија. Всушност, дури и не одев на состаноците бидејќи тензијата можеше да биде преголема.“
Спорт
Расел пред Ферстапен на пол-позицијата во Канада

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Канада, 10-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
На патеката „Жил Вилнев“, Британецот го забележа својот прв триумф во квалификациите оваа сезона, со круг од 1:10.899 минути, со десетинка и половина предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул. Третото време го оставри лидерот во генералниот пласман на Оскар Пјастри, кој беше 61 илјадити дел од секундата зад бранителот на титулата. Одличните квалификации на Мерцедес ги надополни тинејџерот Андреа Кими Антонели кој го забележа четвртото најбрзо време.
Покрај големата битка за пол-позицијата, квалификациите во Монтреал беа обележани и со лошиот пласман на еден од главните претенденти за титулата покрај Пјастри и Ферстапен, Ландо Норис во вториот Мекларен.
Британецот и на тренизите се мачеше, правеше премногу грешки, истото му се случи и во третата квалификациска сесија и заврши седми, повеќе од седум десетинки од секундата зад Расел. По првите четворица следеа седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во Ферари и Фернандо Алонсо во Астон Мартин.
На крајот, осми беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој покажа одлична брзина во одредени моменти, но направи грешка во последниот брзи круг, што го чинеше и место во првиот ред.
Топ 10 го комплетираа Исак Хаџар од Рејсинг Булс, кој го забави Карлос Саинц Јуниор во првиот дел од квалификациите и сигурно ќе добие казна, и Алекс Албон во болидот на Вилијамс.
Трката за Големата награда на Канада се вози внедела од 20 часот по средноевропско време.