Спорт
(Видео) Циркус на ОИ – Голот на Аргентина по часа чекање

Олимписките селекција на Аргентина со пораз ја започна одбраната на златниот медал на Игрите во Париз.
Натпреварот Аргентина – Мароко ќе влезе во историјата на Олимписките игри и на фудбалот, започна во 15 часот, а заврши четири часа и 12 подоцна.
Хаосот настана кога Аргентина изедначи на 2:2 во 16.минута од судиското надополнување на времето во вториот дел.
Судиите во ВАР собата, по речиси два часа прекин на натпреварот, го поништија голот на Кристијан Медина во 90+16. минута, за 2:2.
Судијата ги испрати играчите на двата тима во соблекувалните по голот на Медина бидејќи навивачите на Мароко фрлаа кон Аргентинците со се и сешто, дури и топовски удари, а неколкумина од нив влегоа на теренот.
Во такви околности, натпреварот не можеше да се заврши.
Резултатот 2:2 потоа остана на сила, бидејќи на пауза беа и судиите на ВАР.
🇦🇷 Boca Juniors’ Cristián Medina equalises for Argentina in the 105th minute of the opening game of the #Paris2024 Olympic Games football tournament!
Morocco 🇲🇦 had led 2-0 with two goals from Soufiane before Argentina pulled two back to draw. Partidazo!pic.twitter.com/Gjxwr79exK
— Tears at La Bombonera (@BomboneraTears) July 24, 2024
Во меѓувреме, официјалниот спикер им порача на навивачите да ги напуштат трибините.
Дури кога ситуацијата се смири, односно два часа по голот на Аргентина, а трибините беа испразнети, играчите се вратија на теренот. Тогаш во ВАР собата беше прегледана спорната ситуација.
ВАР утврди дека Медина бил во минимален офсајд.
◉ 3:11 pm – Morocco went 2-0 up against Argentina in their opening game of the 2024 Olympics
◉ 4:06 pm – Argentina scored in the 15th minute of injury time to make it 2-2 against Morocco
◉ 4:09 pm – The game is suspended after firecrackers were thrown towards the Argentina… pic.twitter.com/NxUF0R8KkA
— Squawka Live (@Squawka_Live) July 24, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сака ќе го пропушти, а Едегор под знак прашалник за дербито со Ливерпул

Крилниот напаѓач на Англија, Букајо Сака, ќе го пропушти натпреварот на Арсенал од Премиер лигата против Ливерпул во недела и квалификациските натпревари на Англија за Светското првенство против Андора и Србија следниот месец поради повреда.
Сака ја повреди тетивата во саботата, во победата на домашен терен против Лидс Јунајтед (5:0). Првите проценки се дека крилниот напаѓач нема да може да игра до четири недели, објавува Би-би-си. Англискиот репрезентативец пропушти три и пол месеци од минатата сезона по операција на десната тетива.
Капитенот на Арсенал, Мартин Едегор, е исто така под знак прашалник за натпреварот на „Енфилд“ поради повреда на рамото заработена во победата против Лидс. Едегор изгледаше во болка кога беше заменет во првото полувреме, поради повреда на рамото.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Македонија на универзијадата во Полска успеа да освои три медали во карате

Македонската универзитетска карате репрезентација во финалните борби од последниот ден на Европската универзијада која се одржува во Варшава успеа да освои златен медал. Со тоа Македонија на ова елитно универзитетско европско натпреварување, освои вкупно три медали и оствари два високи пласмани на 5-то место.
Медалите ги освоија Ангела Мојсовска златен медал, сребрен медал Љупче Михаилов и еден бронзен медал Викторија Јовановска. Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг), се високо пласирани на петто место.
Ангела Мојсовска – Златен медал
Ангела Мојсовска успеа во финалната борба да ја победи противничката од Косово Мустафа Бехије со резултат 4-3 и го освои златниот медал во категоријата -68 кг. Ангела Мојсовска настапи за универзитетот (Св, Кирил и Методиј, таа е член на К.К Макпетрол – Скопје.
Љупче Михаилов вториот финалист не успеа да победи во борбата за златен медал и тој го освои сребрениот медал во категоријата -75 кг.
Медалистите ги имаа следните настапи:
-68 кг Ангела Мојсовска – Нина Лукенда (Хрватска) 8-4 Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ ( БиХ) 4-3 Ангела Мојсовска – Влере Керими (Косово) 3-1 Финале Ангела Мојсовска – Мустафа Бехије (Косово) 4-3 златен медал
-75 кг Љупче Михајлов – Аднан Карача (БиХ) 7-1 Љупче Михајлов – Кара Абдулјадир (Турција) 1-0 Љупче Михајлов – Дмитро Федотов (Украина) 4-0 Љупче Михајлов – Нико Шпарер (Швајцарија) 4-0 Финале Љупче Михајлов – Омер Фарук (Турција) 0-10 сребрен медал
Љупче Михаилов, сребрен медал
-61 кг Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3 Репасаж Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1 За бронза Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0 бронзен медал
Викторија Јовановска и селекторот Бошко Заборски
Спорт
Вирц откри зошто го избрал Ливерпул пред Баерн

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра.
За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на Баерн Минхен. Долго време се шпекулираше дека тлентираниот играч од редот за врска кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот германски клуб.
„Исто како пред пет години, кога го напуштив Келн на 16 години и отидов во Леверкузен, барав место каде што најдобро ќе можам да ги развијам моите фудбалски вештини и каде што ќе можам да станам најуспешен играч“, рече Флоријан Вирц и додаде:
„Затоа го избрав Ливерпул. Сè уште не сум се покајал. Интензивно ги истражував двата клуба, не беше лесно да донесам одлука. Но, ја донесов со 100 проценти убедување и сум среќен поради тоа.“
Тој сакаше да ја промени земјата, бидејќи верува дека тоа е поголем предизвик, дека на тој начин ќе напредува побрзо и повеќе. И како играч и како личност.
„Голем чекор е да се оди во друга земја и да се соочиш со сите промени. Исто така, да се прифати нова улога во тим со различен стил. Дефинитивно би рекол дека е поголем предизвик, свесно го избрав за да станам подобар играч.“
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN