Спорт
Швјонтек: Плачев шест часа
Ига Швјонтек, најдобрата тенисерка на светот, вели дека никогаш во кариерата не ѝ било потешко како минатата недела кога загуби во полуфиналето на Олимписките игри во Париз.
Како четирикратна шампионка на Ролан Гарос беше апсолутен фаворит, но тсудбината сакаше поинаку, во полуфиналето беше поразена од Чинвен Женг, која подоцна го освои златниот медал.
„Плачев шест часа по поразот. Дури по неколку дена бев подготвена да се соочам со овој неуспех. Има толку многу емоции во мене, “ вели Швјонтек.
„Радост, среќа, тага, разочарување, задоволство, глад за повеќе, гордост и многу други емоции и мисли ми го преплавуваат умот. Сè уште не можам да разберам што се случи. Можеби во иднина ќе можам да разберам што точно се случи“. .
Најтешко и е веројатно затоа што се изневери.
„Мислев дека можам да се носам со сите ситуации, но сфатив дека тоа не е вистина. Да не го освоев бронзениот медал, веројатно ќе плачев една недела“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн за Дијаз подготви 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул.
Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување.
„Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул.
Многумина веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе биде нов член на Баерн од понеделник.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓокереш официјално е играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“.
Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона.
„Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни бројки. Возбудени сме од она што може да ни го донесе. Нему и на неговото семејство му посакуваме добредојде во Арсенал“, рече Артета.
Патем, Џокерес го зеде бројот 14 во Арсенал.
Извонредниот Швеѓанец минатата сезона за Спортинг постигна 54 голови на 52 натпревари.
Арсенал за трансферот издвои 63,5 милиони евра, а дополнителни 10 милиони Спортинг може да заработи преку дополнителните бонуси.
Foto/ arsenal.com
Спорт
ПСЖ мора да го продаде Донарума

Каде ќе брани еден од најдобрите голмани во светот во новата сезона?
Како што стојат работите, тој нема да биде во Пари Сен Жермен. Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума.
Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се во ќорсокак.
Пари Сен Жермен не сака да дозволи уште една ѕвезда од тимот да си замине без обештетување и се чини дека затоа одлучиле да го продадат одличниот голман ова лето.
По тој повод, „Лекип“, пишува дека Манчестер Јунајтед и Сити им се придружија на Челзи и Галатасарај, кои беа поврзувани со Донарума уште претходно.
Доколку се врати во Серија А, единствените веројатни кандидати би биле Интер и Јувентус, наведува „Фудбал Италија“.
Италијанецот беше еден од најдобрите играчи на Пари Сен Жермен минатата сезона на патот кон освојување на Лигата на шампионите.
Во исто време, ПСЖ бара негов наследник, а изборот наводно паднал на Лука Шевалие, голманот на Лил.