Топ
Директор на Јавно комунално претпријатие исплаќал пари на работници кои немале договор и го оштетил буџетот на Гази Баба, кривична против него
Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 31-годишниот В.М. поради основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службена положба и овластување”, извести МВР.
Пријавениот во својство на в.д. Директор на ЈКП „Гази Баба 2007″ Скопје во текот на 2021 година, со неизвршување на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, покрај останатите, ангажирал седум сезонски работници кои не потпишале писмен договор за работен ангажман во ЈП, за кои не извршил контрола на редовноста на нивните работни места, и истите биле водени како наводно да биле редовно приситни на работа, а за кои пријавениот потпишал и од Буџетот на Општина Гази Баба им исплатил плата во вкупен износ од 1.218.000,00 денари за нивното наводно ангажирање, за кој износ седумте лица се стекнале со противправна имотна корист а на штета на Буџетот на Општина Гази Баба, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар
Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.
Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.
Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.