Спорт
(Видео) Реакцијата на газдата на ПСЖ за новиот формат во Лига на шампиони: Ги виде противниците и остана без зборови
УЕФА го претстави новиот формат на Лигата на шампионите, а ждрепката за лигашкиот дел од елитното натпреварување досега не е видена. Насер Ал Келаифи, претседателот на ПСЖ беше еден од многумината кој бледо го гледаа извлекувањето на ждрепка за новата сезона во Лига на шампиони, во нов формат.
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи очигледно воопшто не е задоволен. Парижаните добија навистина тешки ривали.
Nasser Al-Khelaïfi and Luís Campos’ immediate reaction after the extremely tough UCL League phase draw for PSG. pic.twitter.com/suyO5OF3P9 https://t.co/niL9j042ZM
— PSG Report (@PSG_Report) August 29, 2024
Така ПСЖ на домашен терен ќе игра против Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Жирона и ПСВ Ајндховен, а ќе гостува кај Баерн, Арсенал, Салцбург и Штутгарт.
На челниците на ПСЖ воопшто не им беше сеедно кога видоа со кого ќе играат. Реакцијата на Насер Ал Хелаифи и Луис Кампос кажува се.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јовиќ си оди од Милан
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ не е во плановите на тренерот на Милан, Пауло Фонеска, а големи се шансите тој да го напушти „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.
Ова го тврди познатиот италијански новинар Никола Шира, кој нагласува дека поранешниот центарфор на Реал Мадрид бил блиску до заминување од клубот летово, но дека ги одбил сите понуди.
Центафор Милан сезонава одигра само два натпревари во дресот на клубот од „Сан Сиро“ и собра скромни 64 минути на теренот, без конкретен статистички учинок.
Португалскиот тренер, чија позиција исто така не е сигурна, има многу поголема доверба во некои други играчи, па медиумите на Апенините пишуваат дека сето тоа упатува на сигурна разделба во зимскиот преоден рок, особено што актуелниот договор истекува во јуни следната година и Јовиќ може во јануари да преговара со други клубови.
Спорт
Платини предложи револуционерна промена во фудбалот
Легендата на францускиот и светскиот фудбал, Мишел Платини предложи револуционерна промена. Тој иднината на фудбалот ја гледа во игра10 на 10, а не 11 на 11.
Платини, поранешниот претседател на Европската фудбалска унија, оцени дека натпреварите би биле поатрактивни за гледачите доколку во тимот има десет играчи и дека тоа би создало повеќе простор за игра.
„Можеби треба да повлечеме еден играч и да имаме тим со десет луѓе. Со 11 играчи се игра од 1900 година, но тогаш имаше помалку трчање. Играчите не беа толку силни и играа побавно“, рече Платини.
Платини изрази жалење за досегашниот развој на фудбалот.
„Луѓето од мојата генерација повеќе не гледаат фудбал затоа што не се пронаоѓаат себе си во ваквата игра. Денес има повеќе додавања наназад отколку напред, а во посед на топката има многу додавања. Не критикувам. Но луѓе од мојата генерација кои доживеале поофанзивен фудбал, не сакаат да гледаат таква игра“, додаде славниот Платини.
Спорт
Италијанската полиција го забрани доаѓањето на навивачите на Звезда
Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од Лигата на шампионите – на 1 октомври гостуваат кај Интер, а на 11 декември со Милан. Сепак, како што е наведено на официјалниот сајт на српскиот шампион, симпатизерите на белградските црвено-бели нема да смеат да присуствуваат на Сан Сиро.
Причината за забраната за пристигнување на навивачи од Србија на натпреварот е конфронтацијата меѓу симпатизерите на Делхи и Рома, па безбедносната проценка е дека мора да се спречи евентуална блиска средба на улиците на Милано или други италијански градови.