Топ
Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје
Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(63) удрило во П.Х.(73) двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Х., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
И средношколците ќе протестираат поради јавниот превоз во Скопје
Сојузот на средношколците го поддржува и ќе учествува на денешниот протест, посветен на решавање на протестот со недостигот на јавен превоз во Скопје.
Протестот ќе започне 14 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.
„Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици“, велат од Сојузот на средношколците.
Се додава дека сојузот останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека гласовите ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот.
Топ
Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир
Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР.
Несреќата се случи вчера во 18.40 минути, на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.
Како што претходно беше објавено, автомобил „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 19-годишната А.Џ., удрил во жената, која од здобиените повреди починала на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Девојката којашто управувала со возилото се здобила со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
По наредба на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.