Македонија
Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио – да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана
„Бујар Османи, Маричиќ, Заев, Ковачевски и Филипче треба да се засрамат за ова што и го направија на Македонија и е рамно на велепредавство ставањето на Македонија во подредена ситуација. Заев, Ковачевски и Филипче свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да бидеме оставени сама на Балканот и неитегрирани“, вели Марија Митева, портпарол и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е дело на една подолг процес и посеопфатна стратегија за чиј интерес работеа сите кои не и мислат добро на државата, посебно вматрешниот фактор кој е уценет и фатен во корупција. Заев и Филипче прво лажеа дека Македонија ги почнала преговорите. Сите ја паметат сликата на Заев од владиниот авион, со која се манипулираше и се создаде привид, за само после неколку часа да се види дека немаме датум, ниту почеток на преговори. Што велеше Филипче – Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Ова го кажа Филипче за Заев во ноември 2020 година. Кога самиот Венко Филипче мислеше или сакаше ние да мислиме дека Заев не внел во ЕУ“, посочува Митева.
Како што додава, во целиот овој период Македонија тонеше во криминал и корупција.
„Од ситуација да бидеме пред Албанија, истата не стигна и бевме ставени во ист кош. Целта на Заев, Османи, Филипче беше исполнета. Целта на СДС и ДУИ не завршува тука, следна цел им беше Албанија да се одвои од нас и да оди напред, а Македонија да остане заглавена. За да можат да градст криминал и корупција наместо европски вредности. Нивните погрешни политики придонесоа ова да се случи, да биде реалност. И денес, кој ликува на одлуката Албанија да се одвои од пакетот со Македонија и да ги започне преговорите? Само СДС и ДУИ можеме да ги видиме како бараат политички виновници и се апстрахираат од одговорност. За ова виновни се СДС и ДУИ. Виновни се затоа што 7 години ја потонаа државата во корупција и криминал. Додека зборуваа за Европа не донесоа до ситуација да имаме судство со доверба од само 2%, раст на БДП по глава на жител за период од 2017 до 2023 година дупло помал од земјите од регионот, здравство кое колабира, образование во кое немаше учебници“, тврди Митева и истакнува:
„ВМРО-ДПМНЕ верува и ќе работи исклучиво врз вистински вредности и во интерес на македонските граѓани и покрај сите опструкции ќе продолжиме да работиме силно за целосна трансформација на државата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите
Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов остварија средба со одгледувачите на овци.
На средбата се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско.
Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите на овци да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, донесено од страна на Агенцијата и движењето на животните да биде со издаден ветеринарно – здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво. Доколку сточарите забележат некои симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од 3 километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувалиштата каде што е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста.
Дополнително, на средбата беше истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувалиштата кон кланичните капацитети не е забрането, додека во сила остануваат рестрикциите за движење на живи животни и за работа на добиточните пазари. Во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.
Македонија
Мицкоски на потпишување на договор со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ – Младите и спортот се приоритет на Владата
Сите ние сме свесни дека демографијата претставува општ европски проблем и затоа ни е многу важно младите од најрана возраст да ги образуваме, да ги научиме дека иднината е во нив и дека така како што тие ќе израснат таква иднина ќе имаат и ќе остават за нивните потомци, за тие коишто некогаш ќе бидат млади како што се тие денес, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Спортот, вели Мицкоски, остана во мене, никогаш не излезе од мене и затоа како Влада откако го направивме преструктуирањето на Кабинетот, формиравме за првпат Министерство за спорт и се учиме заедно со Борко како е да се биде Министерство за спорт бидејќи до пред оваа Влада беше агенција.
„Но, мислам полека, но сигурно ги поминуваме оние првични предизвици и веќе застануваме на шини и почнуваме да функционираме како институција којашто треба да биде главна потпора на спортот не само во државата туку и во регионот.
Со овој настан ние правиме синергија помеѓу овие два приоритети на Владата тоа се младите коишто треба да учат витештво, коишто треба да учат фер-плеј, да го почитуваат противникот, да се учат на тимска игра бидејќи во ера на социјални медиуми сето она коешто го гледате не е животот, животот е многу борба, животот е тимска игра и ако сакате да бидете успешни ќе морате да се научите на овие работи.
Да постојат и индивидуални спортови, но генерално јас го сфаќам животот како една заедничка тимска игра и како дружење и поддршка да бидеме едни на други.
Јас сум убеден дека овие десетици илјади млади деца коишто во месеци коишто следат ќе се натпреваруваат низ училиштата во земјата ќе израснат во луѓе коишто достоинствено ќе си ја промовираат и љубат својата татковина, а и истото тоа ќе го пренесат на оние генерации коишто понатаму ќе се борат низ училиштата во државата“.
Убеден сум, додаде тој, дека младите коишто доаѓаат до тука ќе бидат достоинствени претставници на македонскиот спорт на финалните игри во Сплит ова лето во август месец.
Македонија
(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување 7,8 и 9-одделенци
Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици кои пушат, најголем борј ученици и покрај тоа што се малелетни, кажале дека не им бил побаран документ за идентификација кога си купувале цигари и енормно расте бројот на ученици кои користат електронски цигари, покажа последното истражување на Институтот за јавно здравје за употребата на тутун и тутнски производи кај младите спореведено со поддршка од Светската здравствена организација како дел од глобално истражување за пушењето кај учениците од седмо, осмо и деветто одделение. Истражувањето кај нас е спроведно во 75 училишта, а учествувале 4.706 ученика.
„Податоците од истаржувањето покажуваат дека 13,6 % од ученицит ена возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ и тое е највисоката преваленца досега регистрирана во нашата држава. Вкупно 10% од нив користат електронски цигари што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2016 година. Дополнително загрижувачки се податоците дека дури 57% од младите биле изложени на тутунски чад во домот, додека 55,4 % биле изложени на чад во затворени јавни простории. Во однос на достапноста на тутунските производи ова истражување покажува дека 73,2 % од младите пушачи не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст“, рече министерот за здравство Азир Алиу.
Резултатите од ова истражување министерот Алиу вели дека се основа на новиот предлог-Закон за забрана на пушењето чија цел е да се денормализира пушењето преку четири столба.
Првиот столб е целосна заштита од пасивно пушење, без чад и без аеросоли во затворени и работни простории. Заштитата важи и за аеросоли од електронските цигари чија безбедност при пасивна изложеност не е докажана.
Втор столб е намалувањето на привлечноста односно предлог – Законот забранува продажба на производи што содржат карактеристични ароми кои создаваат препознатлив вкус или сензорен ефект различен од природниот тутунски профил како што се овошни, слтки, ментол и други вкусови кои ја маскираат штетноста и го оследнуваат првото пробување. Тие ќе бидат забранети за продажба кај нас со предлог- Законот.
Третиот столб се однесува на ограничување на маркетингот и изложувањето. Министерот Алиу вели дека ќе се стави крај на таргетирањето на младите преку социјалните мрежи, преку инфлуенсери игри и други дигитални форми. Тутунските и никотинските производи повеќе нема да бидат јавно изложени туку во затворени ормари.
Четвртиот столб е ограничување на достапноста и засилена контрола на продажаба за малолетници.

Новиот Закон ви дозволува да пушите ако сакате, само ве спречува да пушите онаму каде што може да им наштетите на други, рече претставниот на СЗО, Али Аким
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Али Аким, кажа дека глобално 14.000 деца на возраст од 13 – 15 години сега пушат тутун, а зависноста не треба да биде нешто со кое почнувате во адолесценцијата. Аким смета дека нашата земја мора да се повести посебно на тоа што тутунот е насекаде и е дозволен, што ќе се надмине со новиот предлог – Закон за забрана на пушењето.
„Законот ви дозволува да пушите ако сакате, само ве спречува да пушите онаму каде што може да им наштетите на други“, рече претставниот на СЗО, Аким.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, вели дека истражувањето покажало три важни работи одноно дека никотинот кај младите останува значаен предизвик , дека зема се поголем замав и ја менува сликата на зависности кај адолесцентите и дека изложеноста на чад преку пасивно пушење, влијанието на маркетингот и достапноста на производите за малолетни лица се уште претставува сериозен системски предизвик кој треба да биде во државните приоритети за решавање.

