Спорт
Грозоморно убиство на боксер ја потресе Америка, брутално ликвидиран на улица со седум куршуми

Трагична вест доаѓа од Лос Анџелес, каде што професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг почина на 31-годишна возраст кога беше застрелан.
Добил седум прострелни рани во горниот дел од телото додека стоел пред автомобилот со својата девојка.
Напаѓачите пукале од друго возило, а боксерот се обидел да побегне кон својата куќа, но осомничените излегле од автомобилот и продолжиле да пукаат во него.
Бирдсонг беше прогласен за мртов по пристигнувањето во болницата, а мотивите за нападот сè уште не се познати.
Се шпекулира дека тој бил поврзан со озлогласена банда во јужниот централен Лос Анџелес, но полицијата не ја потврди оваа информација.
Сторителите сè уште се во бегство, а тој требаше да се пресмета со Гор Јерцијан на крајот на октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи и Шахрјор почнале преговори за Судаков

Сергеј Палкин, генералниот директор на Шахтјор Доњецк, ја најави продажбата на младиот фудбалер Георгиј Судаков.
Овој млад фудбалер би можел да се пресели во Наполи, а Палкин истакна дека двете страни ги започнале преговорите.
„Да, во преговори сме. Не можам да зборувам за бројки, но верувам дека ќе ја завршиме работата. Ако не ја завршиме работата со клубот со кој преговараме, можеме да го направиме тоа со некој друг клуб. Не сум загрижен за Судаков, тој е еден од најдобрите во светот на својата позиција”, изјави Палкин.
Судаков е играч од средниот ред, за украинската репрезентација веќе одигра 28 натпревари и дефинитивно летово го очекува голем трансфер.
Цената, според информациите со кои располагаат италијанските медиуми, е околу 60 милиони евра.
Доколку Наполи не е подготвен да ја плати споменатата цифра, челниците на Шахтјор ќе преминат на преговори со Јувентус или Брентфорд.
Спорт
За Енкунку повеќе нема место на „Стенфорд Бриџ“

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска потврди дека негова била одлуката напаѓачот Кристофер Нкунку да не биде во протоколот за последниот натпревар против Фулам.
Челзи славеше во 33. коло од Премиер лигата против соседите по голем пресврт во финишот од мечот. Мареска на новинарите им потврди дека Французинот не е повреден.
„Тоа беше само моја техничка одлука“, изјави Италијанецот.
Енкунку дојде во Лондон од Лајпциг за 52 милиони фунти, а крајниот производ вреди многу помалку од тоа.
Многу фактори придонесоа за падот на формата на Енкунку. Тој поради проблеми со повреди ја пропушти речиси цела прва сезона во Англија, а пред актуелната дојде до смена на тренерот на двократниот европски шампион.
Енцо Мареска го презеде тимот од Маурисио Покетино. Марсека смета дека Енкунку не е најсоодветната опција на ниту една од позициите што ги покриваат офанзивните играчи во неговиот систем.
Мареска по правило се држи до формацијата 4-2-3-1. Кристофер може да игра на сите позиции во нападот.
Тренерот на Челзи јавно призна дека за него Николас Џексон е „идеална деветка“.
Офанзивниот играч за врска Кол Палмер е најважниот фудбалер на тимот, а предност на крилните позиции имаат Педро Нето и Нони Мадуеке, а често и Џејдон Санчо, додека импресионира во финишот на сезоната и младиот Тајрик Џорџ.
Спорт
(Видео) Папата навиваше за нив, решија стадионот да го именуваат по него

Папата Франциск почина во 7 часот и 35 минути во понеделникот на на 89-годишна возраст во резиденцијата на Ватикан, Каса Санта Марта.
Од средбата со легендарниот сонародник Диего Марадона до неговата страст за неговиот сакан клуб од Буенос Аирес, Сан Лоренцо, папата Франциск беше голем фан на фудбалот и промотор на спортот.
Страста на Франциско за фудбалот стана позната речиси веднаш откако беше избран за папа во 2013 година, кога Сан Лоренцо објави на „Твитер“ фотографија од Франциск како го држи грбот на клубот. Тој беше член на клубот, со сериски број 88.235.
Овој клуб од Буенос Аирес, родниот град на Франциск, го носи прекарот „Светците“.
Сан Лоренцо е еден од најстарите клубови во аргентинската фудбалска асоцијација, а по изборот на Франциск за папа во март 2013 година ја освоија титулата, а една година подоцна и Копа Либертадорес.
По овие успеси, претставници и играчи на клубот го посетија папата во Ватикан, му ги покажаа трофеите и му се заблагодарија за поддршката.
Раководството на клубот планира новиот стадион да го именува по папата Франциск.
Франциско се сретна со Марадона двапати како папа. Марадона имаше прием кај папата во врска со хуманитарен натпревар во март 2014 година, кога легендарниот фудбалер на папата му подари фудбалски дрес со името „Франсиск“ и бројот 10 на Марадона.
„Мислам дека сите сега сфаќаме дека тој е ѕвезда. Јас сум најголемиот фан на паппата Франсиск“, изјави Марадона по нивната втора средба во 2015 година.
Кога Марадона почина во 2020 година, Франсиск му ги посвети своите молитви.
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино изрази сочувство до Римокатоличката црква и потсети на зборовите на папата Франциско дека фудбалот е најубавиот спорт на светот.
Nunca fue uno más y siempre fue uno de los nuestros. Cuervo de niño y de hombre… Cuervo como sacerdote y Cardenal… Cuervo también como Papa…
Siempre transmitió su pasión por el Ciclón: cuando iba al Viejo Gasómetro para ver al equipo del 46, cuando confirmaba a Angelito… pic.twitter.com/nVc8fWC9wi
— San Lorenzo (@SanLorenzo) April 21, 2025