Црна хроника
Загинатиот ексдиректор на „Идризово“ се возел со службено возило на АХВ кога се случила сообраќајката

Поранешниот пратеник и директор на најголемиот затвор во државава, затворот „Идризово“, Живко Пејковски загинал возејќи се со службено возило на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Министерството за внатрешни работи соопшти детали за трагичната сообраќајка во која животот на лице место го загуби Пејковски.
„Вчера во 13:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Р-1305 на место викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фиат со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило цитроен со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар. Во несреќата на местото на настанот починал Ж.П., а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, соопшти денес МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.