Топ
Пожар во куќа во Скопје: загина 71-годишен маж, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење
Ноќеска во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71).
При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Екстремно загаден воздух вечерва во повеќе македонски градови
Екстремни нивоа на загаденост на воздухот вечерва се измерени во повеќе македонски градови. Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, најкритична е состојбата во Кавадарци, каде се измерени над 500 микрограми ПМ10-честички на метар кубен, што е осумпати повисоко од дозволеното и спаѓа во загаденост која претставува директна опасност по здравјето. Концентрацијата на ПМ2.5 честички во Кавадарци вечерва е 12 и пол пати повисока од дозволената (313 микрограми на метар кубен).
Алармантна загаденост вечерва е измерена и во Охрид (205 микрограми ПМ10-честички на метар кубен), Струмица (220 микрограми), Скопје-Ново Лисиче (218), Скопје-Ректорат (192).
Со почетокот на грејната сезона, загаденоста на воздухот очигледно е зголемена, особено во градот Скопје, кој е меѓу градовите со најголемо загадување во светот.
Македонија
Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2.300 денари ќе се плаќа 21 денар повеќе
Од 1 јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Претседателот на РКЕ, Марко Бисломоски, вели дека регулаторите првпат го искористиле контролниот механизам во определување на цената на електричната енергија со цел да не се предизвика голем ценовен шок оти ЕВН побара зголемување на цената за 4,4 проценти.
„Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува 0,92 %. Првиот блок 0,68 %, вториот 0,9 %, третиот 1,93 %, четвртиот 2,24 % и евтината тарифа 0,9 %. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата, кое има сметка, да речеме, 2.300 денари, со зголемувањето на цената на електричната енергија трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми 21 денар“, рече претседателот на РКЕ, Бислимоски.
За првиот блок цената на енергијата е 4,44 денари, мрежарината за сите е 2,14, односно вкупната цена на струјата во првиот блок е 6,5865 денари за киловат-час. Претходно изнесувала 6,53 денари.
Цената на струјата во вториот блок, збирно енергија и мрежарина, е 7,71 денари, а претходно изнесувала 7,64 денари.
Цената на електричната енергија во третиот блок е 9,57 денари, а претходно изнесувала 9,39 денари.
Цената на електричната енергија во четвртиот блок е 20,4 денари, а претходно изнесувала 20 денари.
Цената на струјата во евтината тарифа изнесува 4,12 денари. Претходно изнесувала 4,08 денари.
Македонија
(Видео) МВР со детали за акцијата во Арачиново: пронајдено оружје
Утрово, околу 1.30 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на локален пат од с. Орланци, во правец кон с. Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети, соопшти МВР.
Пронајденото, како што појаснија надлежните, е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот.