Топ
Осуденик од Тетово претепан од двајца затвореници во затворот „Идризово“
Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни работи.
Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош, а потоа бил вратен назад во казнено-поправната установа „Идризово“.
Вчера во 15:33 часот, во полициската станица Гази Баба, од Казнено-поправната установа „Идризово“ било пријавено дека истиот ден, околу 06:30 часот, осуденикот А.А. (27) од село Јеловјане, Тетово, бил физички нападнат од двајца осуденици – Т.Е. (32) и М.Ш. (50), двајцата од Скопје, се наведува во соопштението од МВР.
Од Министерството дополнуваат дека увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Гази Баба, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје повторно руши рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост
Скопје се најде на седмо место на листата најзагадени градови во светот а прво во Европа, со индекс на загаденост од 164, покажаа податоците од платформата IQAir.
По општини, најзагадено утрово е во Центар со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Ректорат, Кисела Вода.
Мерењата покажуваат дека ПМ2,5 честичките утрово се застапени во воздухот со 85 микрограми на метар кубен, што, пак, е повеќе од 17 пати над дозволената горна граница која е утврдена од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Високо е нивото и на ПМ10 честичките, а мерењата утрово покажуваат присуство на 131,4 микрограми на метар кубен.
Македонија
ДУИ: Мицкоски вчера го откри планот за деградирање на албанскиот јазик, нема да дозволиме
Вчерашната изјава на премиерот јасно го откри неговиот план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, како што беше во Законот од 2008 година, каде албанскиот јазик се користеше само на барање на Албанците и преку пополнување на посебни формулари, велат од ДУИ.
Ова, според ДУИ, е отворен обид за укинување на албанскиот јазик загарантиран со Уставот и со Законот за употреба на јазиците од 2018 година, кој го постави албанскиот јазик како службен во сите централни институции.
„Сега е јасно дека владата не ја признава оваа реалност и се подготвува да го укине овој закон преку Уставниот суд.
За ДУИ, ова е неприфатлив потег, и нема да дозволиме албанскиот јазик да биде сведен на секундарен статус или да биде условен од бирократија или политичка волја на поединци. Ќе ги искористиме сите политички, правни и демократски средства за да се спротивставиме на овој регресивен чекор и да го одбраниме статусот на албанскиот јазик.
Ги повикуваме сите Албанци да бидат свесни за опасноста што му се заканува на албанскиот јазик и да останат обединети против овој обид за деградирање на правно политичкиот статус на Албанците“ порачаа од ДУИ.
Свет
Се урна мал авион во Австралија, загинаа туристи од Швајцарија и Данска
Три лица загинаа, а тројца се повредени при уривање на мал авион во близина на градот Перт во западна Австралија, соопштија денеска локалните власти.
Како што се наведува, во несреќата загинале туристи од Швајцарија и Данска и пилотот, пренесува Ројтерс.
Авионот превезувал шест туристи кога се урнал вчера попладне кај островот Ротнест, популарна туристичка дестинација на околу 30 километри западно од Перт, се вели во соопштението.