Спорт
(Видео) Браќата Душебаев не дозволија Шпанија да загуби од Шведска, Исланд лесно се справи со Словенија

Со спектакуларниот натпревар меѓу Шведска и Шпанија во Ф групата заврши првата фаза на 29. Светско првенство во ракомет. Шведска и Шпанија одиграа без победник 29:29, двете репрезентации во главната фаза носат по три бода, без бодови натпреварите во новоформираната група ќе стартува Чиле. Г групата ја освои Исланд, кој носи четири бода во втората фаза. Исланѓаните вечерва целосно ја надиграа Словенија и славеа со 23:18.
Шведска и Шпанија го одиграа најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот. Швеѓаните доминираа 45 минути, на крајот не победија.
Шведкса ја градеше својата предност од самиот почеток, највисоката разлика изнесуваше седум гола. Шпанците не сакаа да се предадат, а селекторот Џорди Ривера уште еднаш ја покажа својата класа.
Во последните 15 минути Шпанците го пореметија шведскиот напад со одбраната 3-2-1, а уште поголем проблем имаа Швеѓаните со нападот на противникот „седум на шест“.
Мечот беше решен во последните 20 секунди. Откако Екберг реализираше седмерец за водство на Шведска 29:28, на шест секунди до крајот 29. гол за Шпанија го постигна Алекс Душебаев, а потоа неговиот брат Даниел го одбрани шутот од центар на Мелер.
Втпрата фаза ќе биде интересна во новоформираната четири бода пренесе Португалија, по три Шведска и Шпанија, два Бразил, а без бодови се Норвешка и Чиле.
Vintage Alex Dujshebaev levels it for Spain with the last shot!!
Spain come back from 6 down to claim a crucial draw! pic.twitter.com/1DvkzJabLs
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 20, 2025
Исланд на чело со голманот Халмгринсон (15 одбрани) ја декласира Словенија, иако тоа не го покажува конечниот резултат. Во 21.минута Исланд стекна предност 10:4, во последните 15 минути разликата беше и девет гола.
Од оваа група во втората фаза ќе играат и Зеленорстките острови. групата вкрстува со групата во која се Египет, Хрватска и Аргентина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер без Павар против Барселона

Фудбалерот на Интер, Бенжаман Павард, ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона поради повреда на левиот глужд, објавија италијанските медиуми.
Павар се повреди во неделата за време на првенствениот натпревар против Рома (0:1) и нема да патува за Шпанија, објавија „Газета дело Спорт“ и „Скај Италија“.
Францускиот фудбалер се повреди при дуел со противнички играч. Откако доби помош, тој се обиде да ја продолжи играта, но набрзо мораше да го напушти теренот.
Италијанските медиуми објавија дека Маркус Тирам, кој ги пропушти последните три натпревари поради повреда на мускулот, би можел да се врати во тимот на Интер.
Во последните осум дена, Интер претрпе три порази, во првенството против Болоња (0:1) и Рома (0:1) и во реваншот од полуфиналето на Купот против Милан (0:3).
До минатата недела, Интер беше во трка за тројната круна, но по елиминацијата од Купот, тоа веќе не е можно.
Тимот се бори за два трофеи, во Лигата на шампионите и во Серија А, во која, по два последователни порази, падна на второто место на табелата со 71 бод, три помалку од водечкиот Наполи.
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот во Шпанија.
Во второто полуфинале, во вторник во Лондон, Арсенал го пречекува Пари Сен Жермен во 21:00 часот.
Спорт
Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал

Букајо Сака ќе ја продолжи соработката со Арсенал во следните неколку дена.
Најголемата ѕвезда на тимот од Лондон се согласи да потпише нов договор со тимот за кој игра практично целиот свој живот.
Се очекува веста наскоро да биде официјализирана, како и финансиските детали и време траењето на новиот договор.
Сака е во Арсенал од 2008 година, а потпиша професионален договор во 2018 година. Досега има одиграно 257 натпревари за „топџиите“.
Оваа сезона, тој има можност да го одведе Арсенал до финалето на Лигата на шампионите за прв пат од 2006 година.
Спорт
Реал подготвува церемонија за збогување и нова улога за Анчелоти

Најтрофејниот тренер на Реал Мадрид во неговата историја, Карло Анчелоти, ќе ја напушти позицијата ова лето, а „кралскиот клуб“ одлучи достоинствено да се збогува.
Анчелоти ќе го напушти клубот една година пред истекот на договорот, а раководството на клубот одлучи да му ги исплати сите плати што му следуваат според договорот, без оглед на тоа што нема да работи.
Во исто време, тој потоа ќе стане почесен амбасадор на клубот, иако најверојатно ќе стане селектор на бразилската фудбалска репрезентација.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да се раздели со Анчелоти на најубав можен начин, без никаква дамка, како што беше случајот претходно при разделбата на некои клупски легенди.
Перез планира да му приреди на италијанскиот тренер посебна церемонија за време на последниот натпревар од сезоната против Реал Сосиедад, кога треба да му биде одадено признание за сите трофеи што ги освоил и неговиот придонес за клубот.