Контакт

Сцена

Праизведба на Естетичкиот перформанс ’Музички прашања’ од Димитрије Бужаровски на БАРТФ во Ниш

Објавено пред

Најновото дело на Димитрије Бужаровски – Естетичкиот перформанс Музички прашања, ја доживеа својата премиера на отворањето на интернационалната манифестација Балкански Арт Форум (БАРТФ) во Ниш, во петокот, 10-ти октомври.
 

dobivaj vesti na viber

Најновото дело на Димитрије Бужаровски – Естетичкиот перформанс Музички прашања, ја доживеа својата премиера на отворањето на интернационалната манифестација Балкански Арт Форум (БАРТФ) во Ниш, во петокот, 10-ти октомври.

 

Ова теориско-музичко дело е уникатен обид да се поврзат музичката теорија и пракса во единствен настан, односно, како што вели и самиот автор во насловот – „таму каде што се среќаваат теоријата и праксата“.

Прашањата коишто се однесуваат на суштината на музиката, нејзиниот творец, вреднувањето, минатото и иднината на музиката, се одговорени преку електронски колаж од над 170 фрагменти од музичкиот опус на Бужаровски и антологиски дела од светската музичка ризница (како на пр., Црвената книга од Монсератскиот манастир, Осмата симфонија на Брукнер, Шестата симфонија „Патетична“ од Чајковски, Попладнето на еден фаун од Дебиси, Посветување на пролетта од Стравински, Планетите од Холст, Пеењето на момчињата од Штокхаузен, Недетермираност од Кејџ итн.). Прашањата ги изговара компјутеризиран глас кој е испреплетен со музички одговори, при што дигиталното процесирање и користење на електронска музика ја обезбедува целината на ова дело. Делото користи и визуелна анимација најнапред на основниот текст на прашањата, а при крајот и од 4 видео фрагменти.

Отворањето на оваа значајна меѓународна манифестација во организација на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш, се одржа во Големата сала на Универзитетот, дел од најрепрезентативната историска градба во Ниш. На отворање покрај Бужаровски, учествуваа филозофите Сретен Петровиќ и Драган Жуниќ, музикологот Соња Маринковиќ и пијанистот Александар Сердар./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023

Објавено пред

Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:

dobivaj vesti na viber
  • Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
  • Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
  • Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
  • Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
  • Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Прикажи повеќе...

Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.

Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија

Објавено пред

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.

Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.

„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Во Гази Баба се гради огромна дива депонија без никакви дозволи, објави Арсовска

Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со...

Македонија4 часа

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани бидејќи немало доволно докази, а...

Македонија5 часа

Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција

Истрагата за пожарот во Кочани вчера беше проширена на уште 13 полицајци од СВР Штип. Според информациите на МВР, тие...

Македонија6 часа

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Тој извести...

Македонија6 часа

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Владата донесе одлука за блокирање 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, кои на нелегален начин нудеа услуги за игри на среќа во...

Економија7 часа

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на Законот за царинските тарифи, Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Свет7 часа

Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија

Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и...

Македонија7 часа

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион8 часа

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија9 часа

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...

Македонија9 часа

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања во Израел и во Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет9 часа

Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има

Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како...

Свет11 часа

Пристигнуваат реакции од целиот свет по израелскиот напад врз Иран

Израел започна напади врз Иран во петокот, насочени кон нуклеарни постројки, фабрики за ракети и воени команданти, а иранските медиуми...

Свет11 часа

(Видео) Израел нападна воени згради во Техеран, објавени снимки

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети...

Свет11 часа

Кого убија Израелците во нападот врз Иран? Воени шефови, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници беа убиени во израелската операција „Rising Lion“, чија...

Свет12 часа

Трамп: Однапред знаевме за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но...

Свет12 часа

Убиен висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер...

Свет12 часа

Иранскиот ајатолах: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Полуофицијалната новинска агенција Тасним на Иран објави соопштение кое му се припишува на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи....

Свет12 часа

(Видео/фото) Техеран по израелскиот напад

Фотографии од запалена зграда во Техеран беа објавени на Телеграм каналот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Ирански медиуми:...

Свет12 часа

Иранската војска им порача на Америка и на Израел: „Ќе платите“

Портпаролот на иранските вооружени сили изјави дека САД и Израел ќе платат „висока цена“ за нападите, објави Ројтерс. „Вооружените сили...