Црна хроника
Нападнала малолетничка во ходник од станбена зграда: кривична за жена од Свети Николе

СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(52) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Имено на 05.02.2025 во ходник од станбена зграда во Свети Николе, пријавената физички нападнала малолетничка од Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром, полицијата ги уапси

Вчера во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници ги привеле 27-годишниот Б.Б., 40-годишната А.М. и нејзиниот 17-годишен син, тројцата од Скопје и Г.С.(32) од Виница затоа што претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Скопјанка нападната и ограбена во центарот на градот

Вчера во 22.15 часот во СВР Скопје, 34-годишната Џ.Б. од Скопје пријавила дека околу 21.15 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички ја нападнале и ѝ одзеле ранец со паричник и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен 18-годишник од Неготинско: на дива депонија на неколку места предизвикал пожар

Вчера во 14.40 часот полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода 18-годишниот Т.И. од село Пепелиште, неготинско.
Тој се сомничи дека на дива депонија кај место викано „Штипско рамниште“, атар на село Пепелиште, на неколку места предизвикал пожар.
Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.