Контакт

Региони

За проекти за прекугранична соработка со Бугарија има 7,2 милиони евра

Објавено пред

На општините и на другите потенцијални апликанти од  Македонија и од Бугарија на располагање им се 7,2 милиони евра за проекти во три области: заштита на животната средина и приспособување кон климатските промени, поттикнување на развојот на туризмот, културното и природното наследство, како и подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на мали и средни претпријатија, трговија и инвестиции.
 

dobivaj vesti na viber

На општините и на другите потенцијални апликанти од  Македонија и од Бугарија на располагање им се 7,2 милиони евра за проекти во три области: заштита на животната средина и приспособување кон климатските промени, поттикнување на развојот на туризмот, културното и природното наследство, како и подобрување на конкурентноста, бизнис средината и развојот на мали и средни претпријатија, трговија и инвестиции.

 

Јавниот повик за проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Бугарија ќе биде отворен до 25 јануари 2016 година.Заменикот министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, во понеделник ги посети општините Делчево и Пехчево. Тема на состаноците со градоначалниците Дарко Шехтански и Игор Поповски беше објавениот јавен повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, на кој општините можат да аплицираат со свои проекти кои би значеле решавање на приоритетни прашања без оптоварување на општинските буџети.Пренџов истакна дека јавниот повик со Бугарија е важен и поради воедначената распределба на средствата меѓу Македонија и Бугарија, обезбедени од страна на Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка.Градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански информираше дека општината, јавното претпријатие и трите училишта веќе се подготвени и ќе аплицираат со шест проекти. Очекуваат да добијат средства за нивно финансирање врз основа на искуството од претходните три, од кои два се веќе реализирани – подигната е енергетската ефикасност во основното училиште, направено е просторно проширување на гимназијата со што е обезбедено едносменско работење, а до крајот на годината треба да заврши проектот за регулација на речното корито.Регулацијата на речното корито е приоритет и за градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски. Општина Пехчево има искуство во реализација на проекти за прекугранична соработка со бугарската општина Симитли и според градоначалникот Поповски, партнерството ќе продолжи и во рамките на актуелниот јавен повик. Покрај општините на јавниот повик можат да аплицираат и центрите за развој на планските региони, јавни претпријатија, универзитети, средни и основни училишта, детски градинки, домови на култура, музеи, бизнис асоцијации, болници, подрачни единици на министерства, граѓански организации и други непрофитни субјекти од податните региони во Македонија,во партнерство со субјекти од соодветните региони во Бугарија.За периодот 2014-2020 година во Рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија се обезбедени вкупно 20 милиони евра.Заменикот министер Пренџов истакна дека Министерството за локална самоуправа е задоволно од реализацијата на средствата за прекугранична соработка во рамките на првиот програмски период 2007-2014. Реализирани се над 90  проценти од средствата наменети за  Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, а во просек околу 80 отсто од средствата од сите Програми. Со скоро 54 милиони евра се финансирани вкупно 223 проекти./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија49 минути

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ1 час

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија3 часа

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за...

Македонија4 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа6 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет6 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет6 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет6 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет6 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион14 часа

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа15 часа

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет19 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет20 часа

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија20 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија20 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија21 час

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија22 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија22 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...