Скопје
Мултикултурно етно катче со кукли во народни носии

Во рамките на проектите од областа на креативните индустрии со поддршка на Министерството за култура, беше реализиран проект за запознавање на младите со традицијата, фолклорот и обичаите, како битни обележја на еден народ.
Целта на проектот беше средношколците да се запознаат со традицијата, фолклорот и обичаите, да се оттргнат од пороци и современи технологии и преку создавање креативен дух да го запознаат и осознаат својот идентитет, но и да го негуваат културното наследство од нашите предци. Учениците од Средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“, во кое учат деца од сите етникуми во државава, под менторство на професорката Розита Закева и со поддршка на професорката Теута Хисени, се запознаваа со колоритот на носиите, истражуваа и изработуваа народни носии од сите етникуми во Република Македонија. Притоа во холот на своето училиште отворија етно катче во кое ги сместија своите изработки – кукли во народни носии. Мултикултурализмот ги спои овие млади луѓе од различни националности и овозможи да се зближат, да разменуваат знаења, да се запознаат и да се дружат меѓусебе во текот на цели четири месеци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски: Спортот ги развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

Вчера, околу триесет деца, придружени од нивните родители, учествуваа на спортската дружба со македонскиот атлетичар Кокан Ајановски. На настанот, дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“, децата од Центар имаа шанса да учат за атлетиката како спортска дисциплина, да трчаат и да се забавуваат покрај Кејот на Вардар, извести општина Центар.
Родителите ја поздравија активноста што ја организираше Општина Центар, која ги поттикнува центарските деца да бидат активни и да го поминуваат летото на креативен и здрав начин. Атлетиката и трчањето, како основни спортови, не само што помагаат за физичката кондиција, туку ја развиваат и самодовербата, дисциплината и тимскиот дух, што е клучно за развојот на младите, велат од Општината.
„Со овие активности се обидуваме да понудиме нешто повеќе за нашите млади центарци. Спортот е најдобриот начин да растат активни и здрави, а ваквите настани се важен дел од нивниот развој. Се радувам што имавме одлично присуство и енергија. Ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите активности и во иднина. Благодарност до нашиот Кокан Ајановски и Паблишер за соработката, на дечињата им приредивме убава спортска дружба“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Проектот „На одмор сум, во Центар сум“ продолжува со нови активности овој месец со културни и рекреативни содржини за децата кои го поминуваат летото во Центар, во Скопје.
Македонија
Без струја денеска делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.30 до 15.00 часот дел од корисниците на улицата Христо Татарчев, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите на улица Козле 2 и улица Козле, општина Карпош.
Македонија
Дел од општина Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затворач на улицата Никола Русински бб, општина Карпош, односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата Козле 132, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од улицата Козле, дел од улиците Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка. Со намален притисок на водоснабдување ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.