Црна хроника
Украдени вредни икони од црквата во Вевчани
Црквата „Свети Никола“ во Вевчани била ограбена во сабота навечер од непознат разбојник, кој украл четири икони, два метални крста, како и три примероци на Евангелието,еден сребрен Путир и други поситни предмети
Станува збор за една икона од „Свети Јован Крстител“ од 18-ти век, една руска икона од 19-ти век и една икона со ликот на „Пресвета Богородица“.Претходно, на почетокто од месецов непознати сторители извршија грабеж во уште три цркви во села од струшкиот атар, притоа одземајќи вредни стари икони. Ограбени беа двете цркви во селото Јабланица и една црква во селото Безево.Притоа од црквите „Света Богородица“ и „Свети Мартинија“ во Јабланица се украдени седум и пет икони, додека од црквата „Свети Великомаченик Димитрија“ од Безево, пет икони. Провалниците тогаш украле и помала сума париМеѓу украдените икони се наоѓа и особено вредната што ја изработил познатиот зограф Дичо околу 1824 г.ПРетходно во периодот межу 30- и 5-ти септември во струшко беа ограбени и црквите „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа и црквата „Света Богородица“ во селото Долна Белица.На 6-ти септември „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа беше отркиено дека се украдени девет икони и две позлатени царски двери. Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат опсежни мерки за откривање на ограбувачите на црвките. Највероајтно иконите се’ уште се наоѓаат во државата, бидејќи се преземени мерки со кои на граничните излзи се зајакнати мерките за спречување на криумчарење на уемтнички и историски вредни дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две сообраќајни несреќи: повредени лица, возачи под дејство на алкохол
Две сериозни сообраќајни несреќи со тешко повредени лица биле пријавени на 27 декември на различни локации во земјава, при што во двата случаи е утврдено присуство на алкохол кај возачите.
Првата несреќа се случила околу 10:25 часот на автопатот во изградба Охрид – Кичево, кај влезот за селото Требеништа, во општина Дебарца. Во судирот учествувале три возила – „рено меган“, „хјундаи“ и „рено канго“.
Во несреќата, тешки телесни повреди добил 59-годишен сопатник од возилото „хјундаи“, додека со телесни повреди се здобил и возачот на истото возило. Повредените биле пренесени во Специјалната болница Св. Еразмо во Охрид.
По извршениот увид, полицијата го лишила од слобода возачот на „рено меган“, откако било утврдено дека управувал возилото под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,25 промили алкохол во крвта, а против него ќе следува кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик.
Втората сообраќајна несреќа била пријавена во 18:48 часот на регионалниот пат во селото Кадрифаково, во светиниколскиот регион. Во судирот учествувале товарно возило „мерцедес“ и патничко возило „фолксваген голф“.
Тешки телесни повреди добил 44-годишниот возач на „голфот“, кој најпрво бил згрижен во Клиничка болница Штип, а поради сериозноста на повредите бил пренесен во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Полицијата утврдила дека тој управувал возилото со 2,56 промили алкохол во крвта.
За двата настана бил извршен увид од надлежните полициски екипи, а истрагите за причините за несреќите продолжуваат.
Црна хроника
Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор
Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало серија судири, оштетувајќи повеќе автомобили, контејнери и градска инфраструктура.
Според информациите од МВР, возилото со скопски регистарски таблички, управувано од 52-годишен маж од Косово со привремен престој во село Арачиново, најпрво удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“. По ударите, автомобилот продолжил да се движи и удрил во три контејнери, а потоа и во „сузуки“ кое било во движење, управувано од 24-годишен скопјанец.
Ниту тоа не било крајот на драмата. На крстосницата меѓу булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, возачот со „сеатот“ удрил во семафор, а потоа и во уште едно возило во движење – „ауди“, управувано од 29-годишен жител на скопското село Долно Лисиче.
Во несреќата, возачот на „сеатот“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите му биле констатирани од лекарска екипа.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Засега нема информации за причините и околностите под кои се случиле ударите.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

