Здравје
Што со кожата на лицето по 30-та година?

Современите светски текови на естетската дерматологија диктираат природен, здрав и свеж изглед на кожата на лицето. Основно прашање по 30-та година кога започнувате сериозно да се занимавате со Вашата кожа, и на кое треба да имате одговор, е „Што всушност сакам да постигнам?“.
Доколку се одлучите за здрав и свеж младешки изглед на своето лице и тело, Вашата доверба најдобро е да му ја доверите на дерматолог, бидејќи убавината е Ваш избор, а естетската дерматологија е сигурен и успешен пат кон убавиот и здрав изглед. Односно целта на дерматологот е на Вашата кожа да и го даде она што и е потребно – здрав изглед!Што ни препорачуваат дерматолозите?Апликацијата на ботокс и дермални филери се сè популарни третмани поради импресивните и инстант резултатите кои ги добиваме од нив. Во текот на животот мускулите на лицето ги движиме милион пати и како резултат на тоа добиваме трајни брчки на челото и региите околу него, со што не само што не прави да изгледаме постари, туку и уморни и мрзоволни. Кога ќе се вбризга ботокс во тие мускули се блокираат нервните сигнали, мускулите се опуштаат и брчките се израмнуваат. Ефектите од ботокс траат околу 6 месеци потоа мора да се повтори постапката. Бидејќи пациентот секогаш си оди задоволен од сработеното и добиените резултати се импресивни, без сомнение знаеме дека ќе се врати кај дерматологот по 6 месеци да ја повтори постапката. Убаво е редовно да се практикуваат овие третмани по 30-та година бидејќи освен што ќе бидете задоволни со својот моментален изглед тоа најмногу ќе го осетите кога ќе наполните 40 или 50 години. Вашите врсници кои не користеле третман со ботокс или дермални филери ќе изгледаат многу постаро и позапуштено од вас. Ефектите од третманот многу влијаат на општото расположение кај пациентот, бидејќи со нивно редовно користење ќе чувствувате задоволство и поголема самодоверба во работната средина, вашето социјално опкружување и семејството. Како се одвива третманот?Повеќето од пациентите се плашат од болка при самиот третман, меѓутоа пред третманот се става анестетик и многу внимателно со мала и тенка игличка се влегува само 1мм површински во кожата, така што не се чуствува никаква болка туку благо пецкање кое воопшто не е болно, ниту непријатно. Сето тоа трае само 15 минути така што пациентот нормално си продолжува со своите тековни обврски. Доколку третманот го работи нестручно лице и без искуство, или пак се работи за ефтини и неквалитетни материјали може да се јават многу нус појави како црвенило, модринки, алергија, оток, промашување на мускулната група и како последица на тоа се добива асиметрија на лицето. СоветМногу е важно внимателно да се одбере добар дерматолог кој е сертифициран и работи со квалитетни материјали, кои се природни, нормално се апсорбираат во кожата и природно се разградуваат во организмот со текот на времето. Најдобро резултати се добива од комбинација на ботокс и дермални филери, бидејќи ботоксот делува на хоризонталните брчки на челото и на надворешната страна на краевите од окото, а филерите делуваат на брчките околу насмевката, подочниците, контурите на лицето, волуменот на усните, брчките на вратот и деколтето. Траењето на филерите е од 8 до 12 месеци. Пациентот по третманот увидува дека го направил вистинскиот избор и дека непотребно постоеле стравови и сомневања за истите.И на крај само ќе спомнеме дека потполно се согласуваме со изјавата на позната модна дизајнерка Коко Шанел – „Природата ти го дава лицето кое го имаш на 20 години, но од тебе зависи какво ќе ти биде на 50 години.“Д-р Анета Кокалеска ПетрушевскаСпец. дерматологОрдинација Д-р Анчевски/крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.
Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.
Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.
Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.
Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.
Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.
Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.
Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.
Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.
Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.
Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.
Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.
Забава
Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.
Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.
Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.
Летно диетално мени
Понеделник:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 интегрален тост со сирење
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко
Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај
Вторник:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед
Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук
Среда:
Појадок: 1 чаша билен чај, тост
Ужина: 1 варено јајце
Ручек: 1 чаша крем супа од печурки
Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал
Четврток:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка
Петок:
Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 30 грама ореви
Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко
Сабота:
Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков
Ужина: 1 шолја зелен чај
Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 200 г варен зеленчук
Недела:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце
Ужина: 1 чаша сок од портокал
Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.
Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.