Сцена
Ана Дурловски е Европска личност во Македонија за 2013-та
Сопранот со интернационална кариера Ана Дурловски, којашто за неполн месец ја очекува настан во престижната њујоршка „Метрополитен опера“, ја прими во неделата плакетата Европска личност на Република Македонија за 2013 година.
Признание коешто од 2000 година го востанови Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ), им се доделува на личности кои ја афирмираат Македонија во Европа и европските вредности ги промовираат во земјава. Дурловски им се придружува на 14 досегашни добитници, како Симон Трпчески, Борис Трајанов, Борис Трајковски, Тоше Проески, Луан Старова, Живко Мукаетов, Влатко Стефановски… Наградата на Ана Дурловски и’ беше доделена во отсуство на Денот на Европа – 9-ти Мај, а сега и’ беше врачена лично, во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, од страна на претседателката на ЕДРМ Милева Ѓуровска.„Нејзиниот професионален пат и настапите пред европската публика и на повеќе сцени не увери дека Ана Дурловски е вистинската личност која ја промовира Република Македонија“, рече Ѓуровска.Уметницата се заблагодари за укажаната чест и за тоа што ќе биде во друштвото на други нејзини колеги-уметници кои претходно ја добиле наградата. „Се покажа дека музиката нема граници и дека со нас, уметниците, Европа е блиска“, рече сопранистката Дурловски.Веќе на 13-ти септември Ана Дурловски патува во Њујорк, со што ќе стане првиот македонски оперски пејач што ќе настапи на сцената на една од најголемите оперски куќи во светот, каде што ќе престојува два месеца порради настапите во операта „Метрополитен“. На 6-ти октомври ќе настапи во улогата на Кралицата на ноќта во премиерата на „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт и во следните претстави од таа опера до 8-ми ноември. ТОваа улога Дурловски првпат ја интерпретираше во Државната опера во Виена во 2006 година.„Договорот веќе го имам две години и конечно дојде тој настан на кој многу се радувам. Можеби ќе се повторам кога ќе кажам дека не сум верувала дека еден ден ќе настапувам на таа сцена. Но, уверена сум во тоа дека кога човек навистина работи и има цели пред себе еден ден ги достигнува“, истакна за медиумите ДурловскиАна Дурловски во 2012 година го доби европскиот оперски оскар „Фауст“, престижна музичко-театарска награда, еквивалент на филмскиот Оскар, за најдобро европско остварување во 2011/2012 во земјите од германско јазично подрачје. Со нејзиниот сопруг, оперскиот пејач Игор Дурловски, живеат и работат во Штутгарт. Настапува и во Македонската опера и балет, каде дебитираше во 2000 година во насловната улога во „Лучија од Ламермур“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.
Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.
На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.
На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.
Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР

