Региони
Кривогаштанци се вклучуваат во креирање на Буџетот
Во Кривогаштани, во петок вечер, се одржа шестата форумска сесија од буџетскиот форум на која пред жителите на општината беа презентирани досегашните резултати и реализираните проекти кои самите жители ги предложија во претходните сесии.
Инаку преку буџетскиот форум ова е за прв пат граѓаните на Кривогаштани да се вклучат директно во креирањето на буџетот на локалната самоуправаи сами да одлучуваат како ќе се потрошат буџетските пари. „Се надевам декка оваа шеста форумска сесија, како и претходните 5 сесии кои беа навистина масовно посетении, ќе дадат еден навистина голем придонес во функционирањето на локалната самоуправа, а ќе дадат и едно позитивно светло и врз самото население бидејќи преку овој буџетски форум жителите имаа можност да видат како се креира еден буџет, како се трошат народните пари и колку навиистина чини реализацијата на секој предложен проект од било која област“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Најголемиот дел од предложените проекти на граѓаните на Кривогаштани се веќе реализирани или пак се во тек на градба.
„Голем дел од проектите кои граѓаните ги побараа да се внесат во буџетот за 2016 година се реализирани, а поголем дел се во тек на реализација. Тука можам да ги споменам како реализирани новата училишна спортска сала која што имаше технички прием пред неколку дена. Заврши изградбата на регионалниот пат од Кривогаштани до Воѓани, исто така се реализираше и изградбата на патот од Обршани до Боротино. Пред една недела заврши изградбата на улиците со кредит од светска банка во Кривогашани, Бела Црква и Воѓани. Во тендерска постапка се изградбата на зелениот пазар во Кривогаштани, надградбата на општинската зграда“, рече Сашо Цуцулоски, раководител на одделениие за ЛЕР и комунални дејности.
Од општината велат дека преку овие форуми граѓаните се стекнале со знаење колку навистина чини реализацијата на еден предложен проект и дека сите нивни идеи неможат веднаш да бидат остварени. Најголем дел од предлозите на граѓаните биле за инвестиции во патната инфраструктура. „Најголем дел од граѓаните за прв пат се соочија со буџетот на општината научија дека буџетските пари, распределени по сектори и сегменти е премногу мал, а интересот од страна на општината и градоначалникот и администрацијата да се донесат што е можно повеќе пари и да се завршат што е можно повеќе проекти е преголем. Бројни проекти беа предложени, но сепак на крајот граѓаните разбраа дека сите неможат да бидат реализирани и од секоја работна маса беше одбран по еден претставник, каде што заедно со општинската администрација одлучија како ќе бидат распределни парите во општина Кривогашани за наредната година и кој од проектите ќе бидат реализирани“, изјави Кристина Кочоска, координатор на проектот.
Овој проект се изведува под покровителство на Швајцарската агенција за развој и соработка и Единицата за координација на форумите./крај/со/бб
Извор:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).