Контакт

Здравје

Заштита при сончање со медицинска козметика

Објавено пред

Познато е дека сончевата светлина го подобрува расположението и е од витална важност за функцијата на човековото тело. Сепак, оштетувањата од дејството на сончевите зраци може да бидат многу сериозни, имено прекумерното изложување на Сонце може да доведе до сериозно оштетување на кожата, вклучувајќи и појава на рак на кожа.

dobivaj vesti na viber

Последиците од штетните сончеви зраци кои се јавуваат за време или по сончањето ги натера современите медицински компании да развијат нови формули кои повеќе ќе ја заштита кожата од обичните козметички средства за заштита од сонце.

Кожата никогаш не ги „заборава“ изгорениците од Сонцето. УВ-зрачењето може да предизвика оштетување на ДНК, што резултира со предвремено стареење на кожата, загуба на еластичност и колагенот, појава на брчки, алергии, старосни дамки и груба кожа. Оттаму, експертите препорачуваат дека соодветната заштита од сончевата светлина е многу важна. Сепак, и најдобрата заштита, може да пропушти дел од УВ зраците кои можат да предизвикаат оштетување на клетките до подлабоките епидермални слоеви на кожата.

Медицинската козметика за заштита од штетните сончеви зраци нуди многу повеќе од вообичаен крем за сончање, односно нуди УВ заштита и дополнително ДНК заштита. Овозможува и сеопфатна заштита на кожата од оштетувања предизвикани од Сонцето во горните и во подлабоките слоеви на кожата.

Нуди, исто така, високоефикасен фотостабилен УВА/УВБ филтер систем кој ефикасно штити од изгореници, потоа ДНК заштита со глицирхетинска киселина кој ја поттикнува природната ДНК заштита на кожата и механизмите за обновување, и овозможува заштита на клетките со „Ликохалкон А“, кој е ефикасен антиоксиданс за заштита на клетките на кожата од оштетувањата при сончање предизвикани од слободни радикали.

Експертите препорачуваат да се посвети внимание особено при изборот на посебна крема за заштита на лице. Имено, кожата на лицето е различна по сензитивност од кожата на другите делови од телоот, и затоа се наметна како потреба да се направат посебни креми за заштита на лицето од сончевите зраци.

Дерматолозите препорачуваат и при секојдневно излегување од дома, претходно задолжително да се нанесува крема со заштитен фактор на лицето, којашто, освен што содржи УВА/УВБ заштита, дополнително ја зајакнува и природната заштита на клетките на кожата и механизмите за обновување на ДНК. Кремата за лице треба да биде со заштитен фактор 50+, треба да се одбере според типот на кожата -комбинирана, сува или масна. Не треба да содржи парфем. Препрака од медицинските лица до оние кои ставаат пудра, во време на летниот период, е да паузираат и да ставаат нијансирана крема со заштитен фактор, посебно за оние со проблематична кожа со акни.

Доколку за време на сончањето се јавува алергија, денес веќе тоа е решено со крем-гел од 25 и 50 заштитен фактор и крема за заштита од алергии од Сонце за по сончање.

Притоа, д-р Анета Кокалеска Петрушевска, специјалист дерматолог од „Ординација Д-р Анчевски“ дава неколку препораки за соодветна заштита од сонце, како да се нанесува доволно крем за сончање пред да се изложите на сонце; почесто да се нанесува крем за сончање, особено по потење, пливање или бришење со пешкир.

Притоа, истакнува дека изложувањето на сончевите зраци треба да се избегнува во периодот меѓу 11 и 16 часот; луѓето добро да се заштат со капа, светла и лесна облека, очила за сонцеа, по ласерски третмани или пилин, да користат висок заштитен фактор.

„Секогаш пред да заминете на летен одмор, неизоставно посоветувајте се со вашиот дерматолог, која медицинска козметика за заштита од штетните сончеви зраци е најадекватна за кожата на Вашето лице и тело“, советува д-р Кокалеска Пртрушевска./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Женски“ витамини и минерали: Осумте најважни нутриенти за жените, без оглед на возраста

Објавено пред

Без разлика колку години имате, важно е да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените и зошто секоја жена треба да ги има предвид.

dobivaj vesti na viber

Витамините и минералите се клучни сојузници на здравјето – тие учествуваат во скоро сите процеси во телото, од создавање енергија и зајакнување на имунитетот до здрава кожа, коса и коски. Иако се важни за секого, потребите на жените за одредени хранливи материи може да варираат поради хормонални промени, менструалниот циклус, бременоста, стресот и начинот на живот.

Затоа е важно да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените, без оглед на возраста. Подолу е даден преглед на најважните витамини и минерали што секоја жена треба да ги има предвид.

Железо
Железото е еден од најважните минерали за жените, особено поради редовното губење крв за време на менструацијата. Тоа е клучно за формирање на хемоглобин и транспорт на кислород во телото, а неговиот недостаток може да предизвика замор, слабост и намалување на концентрацијата.

Калциум
Калциумот е неопходен за здравјето на коските и забите, но и за правилно функционирање на мускулите и нервниот систем. Кај жените, игра особено важна улога во спречувањето на остеопороза, особено како што старееме.

Витамин Д
Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум и е неопходен за здравјето на коските, како и за имунитетот и хормоналната рамнотежа. Бидејќи најчесто се произведува со изложеност на сончева светлина, многу жени имаат недостаток од него, особено во зимските месеци.

Витамин Б12
Витаминот Б12 е важен за здравјето на нервниот систем, производството на црвени крвни зрнца и нивото на енергија. Неговиот недостаток може да се манифестира со замор, лошо расположение и проблеми со меморијата, а е почест кај вегетаријанците и веганите.

Фолна киселина (витамин Б9)
Фолната киселина е особено важна за жените во репродуктивна возраст, бидејќи е вклучена во создавањето нови клетки и синтезата на ДНК. Исто така, придонесува за здравјето на срцето и може да помогне во намалувањето на заморот.

Магнезиум
Магнезиумот помага во опуштање на мускулите, намалување на стресот и подобрување на квалитетот на спиењето. Често се препорачува за жени кои се борат со напнатост, грчеви или ПМС симптоми.

Витамин Ц
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и придонесува за здравјето на кожата со стимулирање на производството на колаген. Исто така, помага за подобра апсорпција на железото од храната, што е дополнителен плус за жените.

Цинк
Цинкот е важен за здрава кожа, коса и нокти, како и за имунитет и хормонална рамнотежа. Неговиот недостаток може да се одрази во послаб имунитет, кршливи нокти и проблеми со кожата.

Прикажи повеќе...

Забава

Јадете колку што сакате: Овие 9 намирници нема да ве здебелат

Објавено пред

Следењето на вашата исхрана и внесот на калории често може да биде предизвикувачко, особено со зафатен начин на живот и постојана достапност на разновидна храна. Да не ги спомнуваме празничните гозби што ги уживавме.

dobivaj vesti na viber

Броењето калории и контролирањето на порциите може да изгледа премногу и тешко за одржување во желбата да ја одржите посакуваната тежина и да не добиете вишок килограми. Сепак, добрата вест е дека постојат намирници кои се толку заситувачки и природно нискокалорични што зголемувањето на телесната тежина од нив е практично невозможно, без оглед на количината.

Според експертите од популарниот YouTube канал и онлајн фитнес бренд, Gravity Transformation – Fat Loss Experts, постои цела низа намирници со кои речиси е невозможно да претерате. Тие објаснија дека „скоро невозможно“ не значи дека имате право да јадете неограничено, бидејќи прејадувањето со која било храна сепак може да биде штетно за вашето здравје. Придржувањето до балансирана исхрана и редовна рутина на вежбање е сè уште клучно.

Со овие девет намирници, нема да се здебелите, без разлика колку јадете, пишува Mirror.

9. Јајца
Јајцата се со исклучително висока содржина на протеини, што ги прави неверојатно заситувачки. Плус, протеините го забрзуваат вашиот метаболизам. Ова значи дека не ги апсорбирате целосно сите калории од јајцата, бидејќи голем дел се согорува за време на процесот на варење“, објаснуваат експертите за губење маснотии. Меѓутоа, ако правите омлет полн со додатоци, резултатот може да биде различен.

8. Лосос
Следно на листата е диво уловен лосос. Експертите препорачуваат избегнување на лосос одгледан на фарма, бидејќи содржи значително повеќе масти од диво уловен лосос. Експертите за губење масти сугерираат дека диво уловен лосос е всушност одличен за регулирање на телесната тежина бидејќи е богат со протеини, многу заситувачки и има половина од мастите од лососот одгледан на фарма.

7. Салца
„Салцата е еден од сосовите со најмалку калории“, велат експертите. Според Healthline, типична порција салца е околу две лажици и содржи помалку од 10 калории во просек, така што можете да ја додадете обилно во вашите омилени јадења без да се грижите за контрола на порциите. Халапењо пиперките, кои содржат соединение наречено капсаицин, исто така можат да ја зголемат способноста на вашето тело да согорува масти, што може да помогне во губењето на тежината.

6. Кисели краставички
Киселите краставички се одлични за јадење во големи количини бидејќи се природно ниски во масти и калории, што ги прави паметен избор за секој што внимава на внесот. Тие исто така обезбедуваат мали, но вредни количини на есенцијални витамини и минерали. Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека тие содржат многу натриум.

5. Пилешки гради
Пилешкото е главен извор на немасни протеини, нудејќи висок процент на протеини по порција, а воедно е ниско во мастите, што го прави основна состојка во многу здрави диети. „Порција од 100 грама пилешки гради содржи 165 калории, 31 грам протеини и 3,6 грама масти. Ова значи дека околу 80% од калориите во пилешките гради доаѓаат од протеини, а 20% од масти“, објаснуваат експертите од Healthline.

4. Лубеница
Според Healthline, лубеницата е составена претежно од вода (91%) и јаглехидрати (7,6%). Таа речиси и да не содржи протеини или масти и е многу нискокалорична. Според експертите, 100 грама лубеница содржи само 30 калории.

3. Печурки
Печурките се исто така на листата на храна што можете да ја јадете без страв од зголемување на телесната тежина. Ова е затоа што се нискокалорични, а богати со витамини и хранливи материи.

2. Пиперки
Исто како печурките, пиперките се нискокалорични, но сепак се полни со хранливи материи кои го поддржуваат вашиот метаболизам и имунолошки систем. Една пиперка со средна големина, околу 120 грама, има само 30 до 40 калории, според земјоделската компанија Dominion Integrated Farms. „Пиперките, благодарение на нивната содржина на влакна и вода, помагаат во промовирањето на ситоста. Тие додаваат волумен на оброците без значително зголемување на калориите, што ги прави совршени за големи, нискокалорични оброци“, објасни компанијата.

1. Пуканки
Пуканките се изненадувачки одлична, нискокалорична ужина. Не само што обезбедуваат влакна, туку содржат и антиоксиданси кои ја поддржуваат циркулацијата и помагаат во варењето на храната.

„Пуканките за кино се различни од домашните пуканки. Кутија пуканки за кино може да содржи до 1.090 калории и 2.650 милиграми натриум. Кога се пукаат на воздух и се лесно зачинети, пуканките се ефикасно здрава ужина“, објасни Американското здружение за срце.

Прикажи повеќе...

Забава

Методот 5/25/25 – најпопуларната диета по празниците: Топи килограми без ограничување на оброкот

Објавено пред

Методот 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело, не го ограничува вашиот оброк, а ви помага да ослабете.

dobivaj vesti na viber

Нема смисла да се лажете себеси – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и имаме различни потреби – од губење на 3-6 килограми до губење на дури 30 или 60 килограми. За среќа, балансираниот пристап кон слабеењето, базиран на разновидно мени и неисклучување на цели групи на храна од исхраната, станува сè попопуларен.

Таков метод за слабеење е 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело. Што е уникатно во врска со овој метод?

Методот 5/25/25 не го ограничува вашиот оброк.
Методот 5/25/25 се фокусира на додавање намирници во вашата исхрана, а не на исклучување од вашето мени. Според неговиот автор, тоа е одлична основа за употреба, без оглед на тоа дали штотуку започнувате или веќе имате искуство во грижата за вашата фигура и што јадете секој ден.

Методот 5/25/25 значи пет оброци дневно. Секој треба да содржи 25 г протеини, а во текот на денот треба да обезбедиме и 25 г влакна. Благодарение на овој пристап, не ограничуваме одредени намирници, туку додаваме „гориво“ на нашите оброци што помага да се одржи витка фигура.

Пример за мени предложено од фитнес тренер:

– Појадок: јајца, сланина од мисирка и тост;

– Ручек: салата со стек и многу зеленчук;

– Оброк пред тренинг: оризови вафли со путер од кикирики и банана;

– Оброк по тренинг: протеински шејк;

– Вечера: пилешко, печен компир и зелен зеленчук.

„Запомнете дека нутритивните потреби на секого се различни, затоа користете го ова како водич/почетна точка, а не како совршен план за оброци за вас“, потсетува фитнес инструкторот.

Како функционира методот 5/25/25?

Помалите оброци што содржат доза на протеини и влакна, консумирани редовно, помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што значи дека не чувствуваме прејадување или сме претерано гладни. Во текот на денот, му обезбедуваме на нашето тело „гориво“ што може да го користи. Протеините се градежен блок на мускулите, лесно се сваруваат и ви овозможуваат да се чувствувате сити подолго по оброкот. Соодветната количина на протеини, исто така, има позитивен ефект врз придвижување на метаболизмот. Соодветното ниво за повеќето жени е 25 g протеини по оброк.

Покрај протеините, методот 5/25/25 е важен и за снабдувањето со влакна. За жал, обично консумираме премалку од нив, што доведува до разни проблеми, вклучително и проблеми со варењето. „Консумирањето на оваа количина на влакна (25 g на ден) помага во одржувањето на редовните празнења на цревата и го промовира здравјето на цревата со поддршка на корисните бактерии“, објаснува фитнес инструкторот, додавајќи дека влакната, исто така, го зголемуваат чувството на ситост по оброците и помагаат во стабилизирање на нивото на енергија.

Како да се имплементира методот 25/5/25?

Методот 5/25/25 не е тежок за спроведување на дневна основа, но има неколку правила што треба да се запомнат:

Јадете помали оброци богати со хранливи материи
Фокусирајте се на планирање пет помали оброци на ден, што ќе ви помогне да избегнете прејадување и напади на глад и да одржувате стабилни нивоа на шеќер во крвта. Базирајте ги вашите оброци на протеини, здрави масти и влакна. На почетокот на вашата авантура 5/25/25, можете да испечатите листи на производи богати со одредени состојки и да ги комбинирате соодветните производи во оброци врз основа на тоа.

Секогаш чувајте извори на протеини во вашиот фрижидер
Ќе биде полесно да ги планирате вашите оброци и да додавате протеини во секој од нив ако имате производи богати со протеини при рака. Затоа, погрижете се вашиот фрижидер (и замрзнувач) да бидат полнети со многу туна, грчки јогурт, урда, пилешко и лосос. Ако не јадете животински производи или го ограничувате внесот на месо, важно е да се снабдите со грав и други мешунки, кои се одлични извори на протеини.

Појадувајте во рок од три часа по будењето
Појадокот е најважниот оброк во денот, но ако не ви се јаде веднаш по будењето, нема смисла да се форсирате. Сепак, вреди да го изедете првиот оброк во рок од три часа по будењето и не заборавајте да додадете протеини. Појадок на база на јајца или овесна каша со природен јогурт ќе ви даде чувство на ситост и енергија во првата половина од денот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија6 часа

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет7 часа

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ9 часа

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет9 часа

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија14 часа

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет15 часа

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион16 часа

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија17 часа

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија1 ден

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа1 ден

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија1 ден

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ1 ден

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија1 ден

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија1 ден

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија1 ден

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија1 ден

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија1 ден

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија1 ден

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...