Скопје
Во Гази Баба пуштен во употреба на нов тренинг камп на ФК Вардар

Премиерот Никола Груевски, градоначалникот на скопската општина Гази Баба – Тони Трајковски, градоначалникот на град Скопје – Коце Трајановски и инвеститорот Сергеј Самсоненко во саботата го пуштија во употреба новиот тренинг камп на ФК Вардар во Хиподром, проект реализиран по принципот на принципот на јавно приватно партнерство чија вредност изнесува 4 милиони евра.
Со поддршка на Владата, општина Гази Баба објави јавен повик за реализирање на проект „Изградба на фудбалски тренинг камп по принципот на ЈПП, односно од страна на општина Гази Баба беше понудено земјиште и ослободување на надоместокот за уревуање на градежното земјиште за општина Гази Баба и градот Скопје, а приватниот партнер инвестираше во изградбата на спортскиот центар.
По завршувањето на постапката општината потпиша договор со Групацијата Вардар, каде што инвестицијата изнесува околу 4 милиони евра, односно сопственик на изградениот спортски комплекс е општина Гази Баба, а партнерот Групацијата Вардар ќе има право да го користи следните 35 години. Овој проект е планиран да се гради во две фази. Во првата фаза изградени се две фудбалски игралишта, комплетно со дренажен систем, истите се одветлени и изградена е зграда со апартманско сместување со целата поребна содржина за престој и тренинг на спортистите со вкупна инвестиција од 3.400.000 евра, која денеска беше пуштена во употреба. Во втората фаза, која ќе чини 600.000 евра, се планира изградба на мултифункционален објект. Овој спортски комплекс општината ќе може да го користи за одржување на спортски настани, а учениците ќе можат да ги користат терените и да почувствуваат што значат професионални услови за одвивање на еден тренажен процес../крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)