Контакт

Европа

ЕУ и УНИЦЕФ заедно против насилството врз децата во ЈИЕ

Објавено пред

Европската унија (ЕУ) и УНИЦЕФ го проширија важното регионално партнерство чија цел е децата да се заштитат од насилство, а децата со попреченост подобро да се вклучат во општеството.

dobivaj vesti na viber

Од 2011 година, УНИЦЕФ и ЕУ соработуваат со земјите во процес на пристапување кон ЕУ, како што се Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Турција. Ова партнерство сега се проширува за да ги вклучи Косово*, Црна Гора и поранешната југословенска Република Македонија. Почнувајќи од оваа година, Европскиот форум за попреченост (EDF) се приклучи кон партнерството. Насилството е секојдневна реалност за илјадници деца низ цела Југоисточна Европа. Податоците покажуваат дека над 50 проценти од машките и девојчињата на возраст од 2 до 14 години (а во некои земји, над 70 проценти) биле изложени на барем една форма на физичко или тешко психичко казнување од страна на членовите на семејството. Кога насилството се случува во семејството, на многу деца сè уште им е крајно тешко да зборуваат со надворешни лица за тоа, а камоли да бараат заштита и обесштување. Состојбата на децата со попреченост е дури уште посложена: често, тие се одделени од семејствата, премногу се застапени во институции со престој, се чуваат вон училиштата и исклучени се од секојдневниот јавен живот. Се соочуваат со предрасуди, стигматизација и тешка дискриминација. Многу од нив се „невидливи“ – не се претставени во официјалните податоци. Исто така, тие имаат речиси четирипати поголеми изгледи да доживеат насилство. ЕУ и УНИЦЕФ ќе вложат 5,89 милиони евра – од кои 5 милиони евра доаѓаат од ЕУ – за ова регионално партнерство во текот на следните три години, и натаму цврсто ќе се залагаат секое дете да биде заштитено од сите форми на насилство и да биде рамноправен член на општеството. „Веруваме дека ова партнерство може да внесе вистинска промена во животот на децата во регионот. Се потпираме врз стручноста и знаењето на УНИЦЕФ и EDF да влијаат врз политиките што ги засегаат децата кои се жртви на насилство и децата со попреченост. Во исто време, од клучно значење е да се допре до граѓанско-активистичките организации кои работат на заштита на децата и да се промовира инклузија на децата во општеството. Затоа, голем дел од средствата ќе бидат наменети за поддршка на мали граѓански организации, со цел да се постигне вистинска промена и одржливо подобрување на секојдневниот живот и идната перспектива на децата“, рече Јоханес Хан, комесарот на ЕУ за европска соседска политика и преговори за проширување. Партнерството ќе придонесе кон подобрување на координацијата за мултисекторски одговор на насилството врз децата. Клучните професионалци ќе добијат подобри податоци, иновативни алатки, знаења и механизми за спречување или одговор на насилството, злоупотребата и запоставувањето, како и за намалување на социјалната дистанца меѓу децата со и без попреченост. „Секој случај на насилство врз децата е премногу. Нивниот живот, здравје, безбедност, образование и иднина се ставени на ризик, а тие може да бидат обележани за цел живот. Мора да го кренеме гласот против насилството и дискриминацијата. Неприфатливо е да се користи насилство врз децата, особено врз децата кои се најранливи. Мора да најдеме ефективни решенија во земјата и заедницата за да ги заштитиме правата на сите деца и да им помогнеме да побараат обесштување“, вели Мари-Пјер Поаре, регионален директор и специјален координатор за бегалско-мигрантската криза во Европа. Организациите на лицата со попреченост, вклучувајќи ги и самите деца со попреченост, ќе играат погласна и поактивна улога во мониторирањето и влијанието врз политиките за еднакви права и социјална инклузија на децата со попреченост. „Од суштинска важност е децата со попреченост да бидат вклучени во сите активности за спречување на насилството врз децата. Исто така, оваа иницијатива е многу важна затоа што нејзината цел е да се изгради капацитет и да се вклучат организациите на лицата со попреченост и другите членови на граѓанскиот сектор. EDF со задоволство е партнер со УНИЦЕФ и ЕУ, за да помогне правата на децата со попреченост да станат реалност во регионот, каква што е нашата цел во Европа и во светот“, вели Јанис Вардакастанис, претседател на Европскиот форум за попреченост./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Бурата Клаудија ја пустоши Европа, неколку земји најтешко погодени: маж загина додека спасуваше сосед

Објавено пред

Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откога бурата Клаудија погоди делови од Европа. Во Франција десетици пожарникари бараат човек што беше однесен од ненадејни поплави. Во Италија екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата, а властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата.

dobivaj vesti na viber

Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од зголемувањето на нивото на реката пензионер слегол долу за да го премести својот автомобил. Сепак, возилото било однесено од ненадејните поплави, а сопственикот исто така паднал во водата. Веднаш била почната голема операција, во која учествувале 60 пожарникари, дрон и десет нуркачи. Сепак, телото на жртвата не е пронајдено, а спасувачите веруваат дека шансите тој сè уште да е жив се исклучително мали.

Проблеми се појавија и во департманот Дром, каде што огромен бран кал го зафати градот со 2.000 жители. Во тоа место за два дена паднала двомесечна количина дожд.

Во регионот Фриули во Италија еден рид се урна и уништи три згради. Тони земја проголтаа 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците рекоа дека мажот починал додека се обидувал да ја спаси.

Во целиот регион неколку градови беа поплавени од надојдените реки. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите каде што се засолниле.

фотo: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Русите го нападнаа Харков преку ноќ: убиена 17-годишна тинејџерка, 16-годишно момче меѓу ранетите

Објавено пред

Седумнаесетгодишна тинејџерка беше убиена, а девет други беа повредени во руски ракетен напад извршен ноќеска врз регионот Харков во источна Украина, изјави шефот на државната администрација на Харков, Олег Синегубов.

dobivaj vesti na viber

Девојката беше тешко повредена во нападот, а подоцна им подлегна на повредите во болница, додаде Синегубов.

Тој рече дека меѓу повредените е и 16-годишно момче, објави Укринформ.

Синегубов објави на Телеграм дека седум лица се хоспитализирани со повреди од рускиот напад врз градот Берестин во регионот Харков.

Нападот се случи еден ден по рускиот ракетен напад врз градот Балаклија, при што загинаа три лица, а ранети се уште 15, меѓу кои три деца.

Руските сили ја интензивираа својата офанзива во регионот Харков оваа година, што доведе до зголемување на нападите врз градови и села подалеку од линијата на фронтот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски во Турција в среда, пристигнува и човекот на Трамп: се очекуваат разговори со Виткоф

Објавено пред

Специјалниот американски претставник Стив Виткоф утре ќе ја посети Турција и ќе им се придружи на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денес „Ројтерс“ повикувајќи се на турски извор.

dobivaj vesti na viber

Зеленски претходно изјави дека планира да замине за Турција в среда по денешната посета на Шпанија.

Зборувајќи за претстојните состаноци со шпански и турски претставници, Зеленски во објава на „Фејсбук“ рече дека приоритет на Украина е да ги обнови мировните преговори и да ја заврши војната што е можно побргу.

Зеленски рече дека Украина исто така работи на продолжување на размената на затвореници со Русија.

Тој нагласи дека средбата со шпанските претставници долго се подготвувала и дека Киев очекува уште една силна земја да помогне во приближувањето на крајот на војната.

Зеленски в понеделник ја посети Франција, која ја нарече една од најпродуктивните оваа година, а Елисејската палата објави дека Украина ќе купи до 100 авиони „рафал“, опрема за воздушна одбрана и беспилотни летала од Франција.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија11 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија12 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија16 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија18 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија19 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија20 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија20 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија20 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион21 час

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа22 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион22 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет23 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион23 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија1 ден

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија1 ден

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион2 дена

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија2 дена

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...