Сцена
Рускиот театар ’У-моста’ гостува на Охридско лето со ’Женидба’ од Гогољ
Театарот „У-моста“ од рускиот град Перм, во недела навечер на сцената во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во стандардниот термин од 21 часот, о рамки на драмскиот дел од програмата на годинешната манифестација Охридско лето ќе ја изведе претставата „Женидба“ од Николај Василевич Гогољ, во режија на Сергеј Федотов.
Театарот „У-моста“ од рускиот град Перм, во недела навечер на сцената во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во стандардниот термин од 21 часот, о рамки на драмскиот дел од програмата на годинешната манифестација Охридско лето ќе ја изведе претставата „Женидба“ од Николај Василевич Гогољ, во режија на Сергеј Федотов.
Станува збор за поставка на познатата пиеса на Гогољ којашто се години не репертоарот на овој реномиран руски театар, наградувана и со голем број гледачи на секоја изведба. Директорот на театарот „У-моста“, Сергеј Федотов кој недоамна беше награден на меѓународен театарски фестивал во Иркутск , во саботата на прес-конференцијата на преставувањето на претставата, порача дека станува збор за ткн мистичен театар, за кој критиката се изјаснила дека според приодот кон делата што се играат е единствен театар од тој вид во светот.
„ Дека мистиката е тука потврда. е што пред само три дена настапувавме во Иркутск, на брегот на Бајкалското Езеро, за сега да сме тука, повторно на едно прекрасно езеро, за кое самите актери велат дека е поубаво од Бајкалот“, рече Федотов. Додаде дека настапот на Охридско лето е „совршениот завршеток на нивната годишна турнеја“ во чии рамки настапиле на фестивали во Калининград, Витебск, две изведби во Литванија и во Иркутск, Русија.
За самата претстава „Женидба“ Федотов рече дека во „процесот на поставувањето дошле до сознание дека во претставата постои ѓавол, за сепак, на крајот да победи човекот“. „Претставата е топла, свртена кон човекот. Поинаквиот пристап кон поставката ни дозволува од претставата да создадеме комедија, за која публиката и критиката оценува дека се работи за сосема невообичаен израз, нешто невидено“, истакна Федотов.
Главниот актер во претставата, Ирина Молианова, рече дека ова и е најомилена претстава, а улогата што ја толкува ја поистоветува како духовно прочистување. „Тука целосно се предавам во улогата, два часа духовно прочистување, што ги користам за целосно да му се предадам на Бога“, рече Молианова.
Инаку, за популарноста на „Женидба“ беше истакнато дека независно што повеќе од две децении години е на програмата на „У-моста“, секоја нејзина изведба е целосно распродадена а понекогаш во Перм била изведувана по четири пати дневно./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.
Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР
Култура
МНТ со „Нема да биде крај на светот“ гостува во Италија
Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“ на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, ќе учествува на италијанскиот фестивал „Монте Сакро“ во Фоџа.
Фестивалот „Монте Сакро“ (Monte Sacro) потекнува од Апулија во областа Гаргано, а се одржува во спомен на младиот прерано починат писател Матео Латино. Фестивалот е во режија на композиторот Артуро Анекино и има цел да ги вкрсти различните јазици на уметноста.
Фестивалот на музика, танц и театар – „Монте Сакро“, ја препозна режисерската и естетската актерска игра на Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ, која пред италијанската публика ќе се одигра на 25 јуни.
„Нема да биде крај на светот“ од својата премиера до денес е една од најнаградуваните претстави, а до сега доби повеќе од 10 (десет) награди.