Сцена
Првиот црн Јаго во новата продукција на трупата Royal Shakespeare Company
Познатата британска театарска трупа Royal Shakespeare Company следната сезона ќе го постави „Отело“ во кој првпат ролјата на Јаго ќе ја толкува црн актер, со што според уметничкиот директор на трупата, славната трагедија на Шекспир би можело да се трансформира на сосема нов начин.
Познатата британска театарска трупа Royal Shakespeare Company следната сезона ќе го постави „Отело“ во кој првпат ролјата на Јаго ќе ја толкува црн актер, со што според уметничкиот директор на трупата, славната трагедија на Шекспир би можело да се трансформира на сосема нов начин.
„Улогата на Јаго е една од најголемите креации на Шекспир, а вообичаено се интерпретира како длабоко малициозен расист. Меѓутоа, што би се случило кога двата главни лика би биле црнци?“, запраша Грегори Доран, уметничкиот директор на театарската трупа Royal Shakespeare Company.
„Можеби идејата се чини сосема налудничава, но сметам дека вреди да се проба, бидејќи претставува предизвик“, оценува Доран.
Во новата продукција на „Отело“, во режија на Икбал Кан, ликот на Јаго ќе го толкува Лукијан М’самати, 38-годишен Танзаниец роден во Зимбабве, познат од филмскиот серијал „Игра на престолите“, додека Отело кој и во пиесата е црнец, ќе го толкува, исто така, црниот актер Хју Квершир.
Шекспировата трагедија „Отело“ е дел од новата сезона на Royal Shakespeare Company која започнува во март 2015 година., а којашто првпат ќе биде отворена со продукција на претстава која не е работена по текст на Шекспир. Имено, по повод стогодишнината од раѓањето на истакнатиот американски драмски писател Артур Милер, лондонскиот театар за таа прилика ќе ја постави „Смртта на трговскиот патник“ којашто е наградена своевремено со најпрестижната американска Пулицерова награда за книжевност и публицистика. Ќе ја режира самиот уметнички директор – Доран, а главната улога на Вили Ломан ќе ја толкува Ендони Шер.
Идната сезона, меѓу другите, ќе ја одбележи и првата продукција на трагедијата „Love’s Sacrifice“ (Жртвување на љубовта) на англискиот поет и драмски писател Џон Форд, речиси 400 години по нејзината премиера од 1620 година. Сега премиерно пиесата ќе биде поставена во театарот „Swan Theatre“ во Страдфорд-апон-Авон, родниот град на Вилијам Шекспир.
Станува збор за трагична приказна за италијанскиот принц Карло Гесуалдо, која ја убил својата жена и нејзиниот љубовник, по што пребегал во Неапол и остатокот од животот го минал компонирајќи духовна музика.
Џон Форд, еден од најзначајните англиски трагичари од периодот на кралот Чарлс Први, напишал многу и често изведувани дела, а меѓу најпопуларните се „The Lover’s Melancholy“ и „Tis a Pity She’s a Whore“ според кое во 1980 година е снимен истоимениот телевизиски филм./крај/мф/сн
Извор: The Guardian
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница на Европа” организирана од страна на “Пријатели на Европа” каде ќе има и свое обраќање. На панел дискусијата посветена на проширување на Европската Унија, покрај вицепремиерот Николоски, свое обраќање ќе имаат и Еди Рама, премиер на Албанија, Ана Брнабиќ претседател на Националното Собрание на Србија, Кристина Герасимов вицепремиер за европска интеграција на Молдавија и Герт Јан Купман, Генерален директор за источно соседство и проширување на Европската Комисија.
Николоски во петок ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница. На состанокот на кој ќе претседава Комесарот за одржлив транспорт на Европската Комисија, Апостолис Цицикостас, ќе се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.
На министерскиот совет, вицепремиерот Николоски ќе говори за транспортните политики на Македонија, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8 и 10 и 10 -д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан.
На министерскиот совет ќе присуствуваат министри за транспорт и владини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.
Исто така предвидени се и значајни средби со претставници од Европската Комисија.
Култура
Соопштени наградите на МТФ Денови на комедија Куманово 2023
Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
- Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
- Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
- Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
- Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
Култура
Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивала во Црна Гора
Македонскиот народен театар во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивала во Република Црна Гора.
Од 5 јули до 22 август ќе се одржи XXXVII фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е со слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски дена на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а нашата претстава ќе биде изведена на 16 јули во 21 часот.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата „Санта Марија“, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот „Стањевиќи“.
Второто гостување ќе се биде на XVIII меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21.30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.
„Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, совршено кореспондира со кризата со која повторно се соочува нашето општество. Доктор Стокман е ангажиран маж, но е и идеалист, кој верува дека промената е можна и дека е неопходна итна жртва колку и да е тоа болно, а Ибзен е вешт и ги покажува механизмите како поединецот да зборува за системската неправда и автоматски се карактеризира како предавнички.
ПР

