Скопје
Прогласени најдобрите угостителски објекти за 2015 година
Ресторанот „Мексикански Амигос“ и гостилницата „Канцона“ се овогодишни победници во изборот во рамки на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“.
Во категоријата ресторани, второто место го делат .„Буши“ и „Венето“, додека трет е ресторанот „Маргер“. Кај гостилниците втора е „Бисера Ив“, додека на трето местос е најде гостилницата „Рори“ (Ројал Рустикана).
Кристијана Ивановска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 30 октомври, од вкупно 100 угостителски објекти, 15 гостилници се со високи над 90% и 19 ресторани, и потенцираше дека и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати, односно под 50 %.
Со проектот и година беа опфатени 50 ресторани и 50 гостилници на територијата на градот Скопје, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваа според следниве критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на вработените со гостите.
Плакетите на најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Целта на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“ е да се издвојат најпрестижните и најдобрите ресторани и гостилници во градот, што секако ќе биде поттик за подобрување на квалитетот на услугата, односот со гостите, како и на целокупниот амбиент во сите угостителски објекти во Скопје“, рече Трајановски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;

