Контакт

Црна хроника

Повторно ограбени две цркви во Струшко

Објавено пред

Пвоторно се ограбени две цркви во струшките села Селце и Буринец, соопштуваат од МВР. Како што соопштуваат од таму, мета на крадците овој пат биле црквите „Св. Никола“ и „Св. Пречиста“ во струшко

dobivaj vesti na viber

Непознат сторител со употреба на погоден премет, влегол во црквите и украл икони. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, а се преземаат мерки за откривање на  сторителите.Кражбите на цркви, станаа се почеста појава во струшкиот регион.Пред три месеца според информации на струшката полиција, од црквата „Свети Спас“ во планинското село Буринец крадците однеле две илјади денари, колку што во тој момент имало во објектот. Арамиите влегле насила со кршење на бравата од металната врата, додека од црквата „Света Богородица Пречиста“ во Локов влегле со кршење на бравата од дрвената врата на објектот од каде однеле една икона.Од Министерството за внатрешни работи велат дека се ангажирани на расветлување на случајот и евентуалното пронаоѓање на крадците за кои се претпоставува дека се дел од организирана група. Испитувањето на терен одело тешко поради оддалеченоста на двете села сместени во планината Јабланица. Полицијата пред пет месеци откри добро организирана група од Албанија која долго време вршела кражби на икони и други вредни предмети од црквите во Струга од кои беа однесени повеќе од 80 вредни икони од 18 и 19 век.Ова е седми пат за само неколку месеци како муслиманските гробишта во градот се мета на вандалски чин. Откако почнавме да ги уредуваме гробиштата, досега се украдени повеќе и од сто елки кои овде ги насадивме, а во последно време почнаа да ги кршат во раните утрински часови и светилките кои светат ноќе“, велат од Иницијативниот одбор кој се грижи за уредување на струшките гробишта.МВР го потврди настанот и соопшти дека се работи на расветлување на случајот. Неколку лица кои би можеле да помогнат во пронаоѓање на сторителите, се повикани на информативен разговор. Според полицијата, интензивно се бараат и лицата сторители на претходните инциденти.Во септември минатата година беше оргабена црквата „Свети Никола“ во Вевчани која од беа украдени четири икони, два метални крста, како и три примероци на Евангелието, еден сребрен Путир и други поситни предмети. Станува збор за една икона од свети Јован Крстител од 18-ти век, една руска икона од 19-ти век и една икона со ликот на Пресвета Богородица.<br />Претходно истот месец, непознати сторители извршија грабеж во уште три цркви во села од струшкиот атар, притоа одземајќи вредни стари икони. Ограбени беа двете цркви во селото Јабланица и една црква во селото Безево. Од црквите „Света Богородица“ и „Свети Мартинија“ во Јабланица се украдени седум и пет икони, додека од црквата „Свети Великомаченик Димитрија“ од Безево, пет икони. Провалниците тогаш украле и помала сума пари.Меѓу украдените икони се наоѓа и особено вредната што ја изработил познатиот зограф Дичо околу 1824 г.Претходно во периодот меѓу 30-ти и 5-ти септември 2009 г. во Струшко беа ограбени и црквите „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа и црквата „Света Богородица“ во селото Долна Белица. На 6-ти септември лани г. во „Свети Архангел Михаил“ во Ташмаруништа беше откриено дека се украдени девет икони и две позлатени царски двери.Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат опсежни мерки за откривање на ограбувачите на црквите. Најверојатно иконите се’ уште се наоѓаат во државата, засега нема потврда дека некои од овие вредни историски дела и предмети се пронајдени во полициската акција „Фаланга“ во која беше откриен синџир за илегална трговија со артефакти и уметнички предмети, за што во притвор се 23 лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница

Објавено пред

Од

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Старица паднала од автобус, па била прегазена

Објавено пред

Од

Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Топ

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.

dobivaj vesti na viber

На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија4 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет6 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија9 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија12 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија12 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија13 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија13 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија14 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ16 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа17 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет17 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа18 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа18 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион18 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет18 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија1 ден

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија1 ден

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија1 ден

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...