Европа
Германската полиција изврши претрес на џамија и станови во акции против салафитите

Германската полиција извршила претрес на една џамија и осум станови во Хилдесхајм, за кои се веруваат дека се легло на радикалната салафитска заедница, изјави во четвртокот министерот за внатрешни работи на северната федерална земја Долна Саксонија.
Во Германија на сила е високото ниво на приправност по низата напади од 18-ти јули во кои се убиени 15 луѓе, вклучително и четворица напаѓачи, а десетици луѓе се ранети, Двајца од напаѓачите, сириски барател на азил и малолетен бегалец од Пакистан или од Авганистан, биле поврзан со исламистичките милитанти, соопштија германските власти.
Министерот за внатрешни работи на Долна Саксонија, Борис Писториус, изјави дека до 400 полицајци, вклучително и полициски командоси, биле вклучени во претресите во средата во областа на Хилдесхајм.
„Исламскиот круг (DIK) во Хилдесхајм е национално легло на радикалната салафитска сцена која безбедносните власти на Долна Саксонија ја надгледуваат веќе подолго време“, изјави Писториус.
Според него, претресите следеле по месеци планирања, и тоа претставувал важен чекор кон забраната на ова здружение, за кое безбедносните власти велат дека ги радикализира муслиманите и ги охрабрува да учествуваат во џихадот во зоните на судирите на Блискиот исток.
Многу членови на исламската заедница чиј центар е во џамијата во којашто е извршен претресот, заминале во Сирија и во Ирак за да ѝ се придружат на радикалната сунитска организација Исламска држава, додека на богослужбите и во говорите повикува на „омраза на против неверниците“, наведува министерството.
Во Германија последните години е забележан голем пораст на бројот на ултраконзервативните исламисти познати како салафити, и сега вкупниот број на нивни симпатизери се проценува на 8.900, кој скокнал од 7.000 кој крајот на 2014 година, предупредуваат германските власти./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост.
На снимката објавена од Ватикан се гледа кардиналот Кевин Џозеф Фарел, камерленгото, како гледа како службеник на Ватикан става црвена лента на вратата од резиденцијата на папата, ја врзува, а потоа става восочен печат на лентата. После тоа, Фарел ја проверува пломбата и се уверува дека вратата е цврсто затворена.
The papal apartments in the Apostolic Palace — unused during Pope Francis’ pontificate — have been officially sealed by Cardinal camerlengo Kevin Farrell following the Pope’s death. This act marks the beginning of the “sede vacante” period, during which the See of Peter remains… pic.twitter.com/p3PcYqN050
— EWTN Vatican (@EWTNVatican) April 21, 2025
Запечатувањето на папската резиденција е традиционален обред што го изведува камерленго, привремениот управител на Ватикан, а историски служел за да се спречи ограбувањето на папските одаи.
Овој чин го симболизира официјалниот крај на понтификатот на папата Франциско и почетокот на периодот на седисвакација – период без папа.
Европа
„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште.
Во тестаментот објавен од Ватикан, Франциско јасно ја изразил својата желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински: Franciscus.
Папата исто така напишал дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од сумата што ја обезбеди добродетелот, кој договорив да биде префрлен во базиликата Света Марија Велика“, стои во тестаментот.
Европа
Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со електрокардиограм“, пишува во изводот на смртта потпишан од директорот на Одделот за здравје и хигиена на Ватикан, професор Андреа Аркангели.
„Потврдувам дека Неговата Светост Франциско (Хорхе Марио Бергољо), роден во Буенос Аирес (Аргентина) на 17 декември 1936 година, жител на Ватикан, државјанин на Ватикан, почина во 7:35 часот на 21 април 2025 година, во неговиот стан во резиденцијата Санта Марта“, напиша тој.
Аркангели наведува дека папата по мозочниот удар прво паднал во кома, а потоа починал. Причините за смртта се „мозочен удар“, „кома“ и „неповратна кардиоциркулаторна инсуфициенција“, се вели во соопштението. Во документот се додаваат и претходните здравствени проблеми на папата, „епизоди на акутна респираторна инсуфициенција со билатерална мултимикробна пневмонија, хипертензија и дијабетес тип II“.
Папата Франциско почина околу 90 минути откако утрово го разбудил будилникот, јавија италијанските медиуми. Тој наводно се разбудил кога алармот му се вклучил во 6 часот, му се слошило во 7 часот наутро, а починал од мозочен удар во 7:35 часот, пишува „Кориере дела Сера“. Лекарите претходно објавија дека тој „починал мирно“.