Скопје
Привремен сообраќаен режим на дел од улицата „Трета Македонска бригада“
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела, на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации.
Поради тоа, на улицата ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 6 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.