Скопје
Спомен парк на Водно за жртвите во сообраќајки
Во недела, во 11 часот, на Средно Водно, по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ќе се одржи јавен настан промоција на парк (засадување на дрвца) во спомен на лицата кои оваа година го загубија животот во сообраќајни незгоди во Македонија.
На настанот ќе присуствуваат и ќе се обрати претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, претставници од Министерството за внатрешни работи, претставници од Град Скопје и др./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пред Олимпијадата во Париз, најдобрата ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кај градоначалникот Ѓорѓиевски
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со најдобрата македонска и светска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
По многуте врвни натпреварувања, од кои меѓу последните се Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 година во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија, своевремено најдобрата судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ) летово ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз.
За Начевски и Николов, ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио. Градоначалникот Ѓорѓиевски им го честита големиот успех за кој тие неодамна од Општина Кисела Вода добија статуетката во форма на клуч, која им се доделува на сите заслужни жители.
„Големо е моето задоволството што и денес прославуваме уште еден успех на оваа светски призната ракометна судиска двојка. Да се суди на Олимпијада, и тоа четврти пат, говори за континуиран квалитет со кој се гордееме сите ние, пред сѐ, жителите на општина Кисела Вода, но и цела Македонија. Од неодамна и официјално ги прогласивме за наши почесни граѓани и се надевам дека листата со успеси ќе продолжат да ја збогатуваат со уште вакви значајни натпреварувања. Како градоначалник на општина Кисела Вода вложувам големи заложби за достоен третман на големите спортски ѕвезди и по официјалното завршување на нивните натпреварувања. Како локална самоуправа се трудиме да го искористиме нивниот потенцијал и тоа најмногу за младите таленти, па така нашите ученици во своите училишта спортуваат со ракометарот Аце Станковски, судијата Славе Николов, како и со поранешниот репрезентативец, ракометарот Кирил Атанасовски“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Скопје
После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со краците
После 30 години целосно е реконструирана улицата „Марко Орешковиќ” со нејзините краци. Обновата на оваа сообраќајница која имаше видливи оштетувања беше големо барање од жителите од овој дел на општината кои се жалеа на лошите сообраќајни услови и за возилата и за пешаците и претставува целосно исполнување на ветувањето што им го даде градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, известува општина Кисела Вода.
„Обновата низ целата Кисела Вода која досега опфати преку 50 км улици и патишта не запира. Улицата „Марко Орешковиќ“ која сега е комплетно реконструирана, во минатото беше сообраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении. Зафатот се одвиваше на потегот од улицата „Мариовска“, опфаќајќи ја улицата „Марко Орешковиќ“ и нејзините краци.
Улицата добива и паркинг простор за уште поголемо олеснување на сообраќајот. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Тоа денес е минато. Она што од мене им беше ветено, денес е реализирано во целост! И овде не застануваме. Продолжуваме со градежните активности низ сите населби и населени места за да бидеме уште еден чекор до целта – до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, Кисела Вода да нема неасфалтирана улица! Мојот народ заслужува“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Скопје
Герасимовски: Се финализира доградбата на ООУ „Коле Неделковски“
Со поставување на фасадата привршуваат градежните работи на доградбата на ООУ „Коле Неделковски“. Доградбата на училиштето опфаќа 6 училници, од кои 4 ќе бидат за настава, 2 кабинета, една библиотека и една просторија за администрација. Во доградениот дел исто така поставена е и рампа за лица со попреченост, а во тек е и поставување на лифт за лица со инвалидитет како и тоалет за нивните потреби во приземниот дел. Градежните зафати на фасадата треба да завршат за дваесетина дена со што дополнителниот дел ќе се вклопи во целосниот лик на училиштето. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид на објектот кој треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември.
„Со доградбата на капацитетите на училиштето Коле Неделковски се отвора простор за упис на околу 100 нови ученици. Истите наставата ќе ја следат во училници кои се соодветни на модерните услови во кои треба да се одвива образованието. За нас инклузивноста е клучна затоа во проектирањето планиравме и пристапна рампата и лифт за лица со попреченост со цел истите да имаат непрeчен пристап во училиштето’’, рече Герасимовски.
Според надлежните, проширувањето на капацитетите во ООУ „Коле Неделковски“ се изведува согласно сите современи стандарди, дел од фасадата е структурална, а прозорците се алуминиумски со висок квалитет. Оваа инвестицијата во училиштето е прва после 66 години од неговото отворање. Општина Центар ќе продолжи да вложува во унапредување на условите за воспитување и образование на децата според модерни, европски и светски стандарди.