Скопје
Отворена најголемата и најсовремена градинка во Центар

Реновираната градинката “Кочо Рацин“ свечено е пуштена во употреба во средата. Новата градинка е на површина 2800 м2 и е три и пол пати поголема од старата, руинирана градинка, изградена пред 51 година.
Станува збор за најубавата, најсовремена и најголема градинка на територијата на Општина Центар, со капацитетот од над 250 деца.
Пред родителите и децата, амбасадори, политичари, советници, пратеници, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски рече дека ова е прва градинка изградена исклучиво со општински пари и чини 2 милиони евра.
“Градинката ќе биде втор, нов дом за Вас, децата, топло, убаво и функционално место. При изградбата се користени врвни и долготрајни материјали и се запазени сите светски критериуми за изградба на ваков објект“, рече Жерновски.
Градинката “Кочо Рацин“ е единствен јавен објект со винил облога, која е анти-алергена, со подно греење, со прекрасни и современи занимални, тоалети и простории за одмор./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда: „Безбедноста на граѓаните на прво место“

На предлог на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1.
Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната парцела се наоѓа на аголот на булеварите Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов, а единствениот пристап до неа минува покрај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, каде се наоѓа резервоар со запаллива материја која се користи за греење, што претставува ризик од пожар и бара изработка на посебен елаборат со еколошки анализи и согласности, известува Општината.
Пристапот исто така минува преку подземни инсталации кои ја снабдуваат целата населба и студентскиот дом, како и преку објекти легализирани во минатото, пред повеќе години, за кои е потребна постапка за нивно отстанување , процес кој може да предизвика долги и комплексни правни последици.
Општината повеќе од две години работи на соодветно решавање на овој случај, но досегашните барања за соодветен сообраќаен проект не беа уважени од соодветните институции.
Поради тоа, се предлага суспензија за градење на конкретната градежна парцела се додека не се обезбедат безбедносни и правно сигурни услови за пристап и реализација на објектот, се наведува во соопштението на Општината.
„Мојот приоритет е безбедноста на граѓаните и инфраструктурата. Нема да дозволам да се загрози безбедноста на жителите на Центар, но истовремено ќе внимаваме да се заштитат интересите на сите инволвирани страни. Важно е да бидеме целосно сигурни дека сите услови се исполнети за да може да се гради објектот.Во меѓувреме, подготвуваме нов ДУП кој ќе ги реши овие прашања и ќе овозможи безбеден и законит пристап до парцелите“, истакна Герасимовски.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)