Контакт

Региони

Зајакнување на капацитетот на кумановската болница

Објавено пред

Министерството за здравство ќе потроши 40 милиони денари за проширување и доопемување на кумановската болница, најави во понеделник министерот за здравство, Никола Тодоров.
 

dobivaj vesti na viber

Министерството за здравство ќе потроши 40 милиони денари за проширување и доопемување на кумановската болница, најави во понеделник министерот за здравство, Никола Тодоров.

 

„Во тек е изработка на основен проект за изградба на нов Ургентен хируршки центар во рамки на општата болница Куманово. Веќе е изработен идејниот проект за нов Ургентен центар, кој денеска сакам да го презентирам. Објектот ќе се состои од приземје и кат, со површина околу 600 квадратни метри, а ќе се гради до местото каде што се наоѓаат постојните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел, така што овие објекти ќе се поврзат и ќе се добие една целина на ургентен центар. Во ургентниот центар ќе има комплетна дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби, односно во објектот ќе бидат поставени и рендген апаратот и апаратот за компјутерска томографија. Новиот Ургентен хируршки центар ќе содржи: итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, ортопедска амбуланта, уролошка амбуланта, анестезиолошка амбуланта, и други простории’, рече Тодоров, кој додаде дека тоа е инвестиција во вредност над 20 милиони денари која очекува да биде завршена до крајот на 2016 година.Министерството за здравство веќе распиша тендер за набавка на нова опрема, во вкупна вредност од 20 милиони денари, со која ќе се унапреди функционирањето на повеќе специјалности во болницата. „Сакам да истакнам дека се фокусираме и на зајакнување на капацитетите во конкретни специјалности, за кои со анализа на податоците од системот МојТермин, увидовме дека е релативно голем бројот на упатувања кон универзитетските клиники и градската општа болница во Скопје (евидентирани се вкупно 8.639 упати од сите специјалности кон клиниките и ГОБ „8 Септември“ за изминатите шест месеци од почетокот на годинава)“, рече Тодоров.Ќе се зајакнуваат капацитетите за  гастроентерохепатологија, дигестивна хирургија   и неврологија, особено во делот на дијагностичката процедура за повеќе невролошки заболувања – ЕМГ (електромиографија), за која во изминатите шест месеци се креирани 80 упати.„Со цел унапредување на работата на одделението за неврологија, во рамки на набавката на нова опрема која ја споменав, предвидуваме нов ЕМГ апарат, кој претставува многу значајна дијагностика за невролошките заболувања“, рече Тодоров.За зајакнување на дигестивна хирургија, од минатата година се започнати двајца доктори на специјализација, а дополнително ќе се предвиди уште една субспецијализација во оваа област. Во областа на гастроентерохепатологија во Програмата за 2015 година веќе е предвидена една специјализација по гастроенетерохепатологија, а дополнително една  субспецијализација ќе се предвиди со измена на Програмата. Хируршкиот дел ќе се зајакне со уште еден општ хирург, за кој е во тек постапката на преземање од приватно во јавно здравство.„Во областа на гастроентерохепатологија, сакам да најавам уште една значајна новина, а тоа е зајакнување во делот на ендоскопските дијагностички методи, односно гастроскопија и колоноскопија. Болницата веќе склучи договор со приватна здравствена установа за специјалист-гастроентерохепатолог два пати неделно да доаѓа во кумановската болница и да врши гастроскопии и колоноскопии (предвидено е во просек да се вршат по 12 гастроскопии и 6 колоноскопии неделно)“, рече Тодоров./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари

Објавено пред

Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).

dobivaj vesti na viber

-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.

Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:

– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);

– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);

– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);

– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);

– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);

– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);

– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);

– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);

– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);

– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);

– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);

– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);

– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.

dobivaj vesti na viber

– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.

Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:

– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;

– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;

– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;

– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;

– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;

– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во

– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија3 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија4 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија6 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Регион7 часа

(Видео) Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија7 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет8 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа8 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет8 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија20 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија1 ден

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија1 ден

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...