Црна хроника
Уште еден грабеж на Уни Банкa, овојпат во Кисела Вода
Како што јавуваат граѓани од скопската населба, околу 15 часот била ограбена новата експозитура на УНИ Банка во Кисела вода, недалеку од Стара Чешма, од еден вооружен разбојник, што по грабежот избегал. За половина час раководството на УНИ Банка и полицијата најавуваат официјално соопштение
Министерството за внатрешни работи се’ уште нема информации, затоа што пријавата и целиот извештај ќе го подготви полициската станица „Пролет“ на чиј реон е извршено разбојништвото. Во тек е информативен разговор со вработените во банката. Едно лице вооружено со пиштол влегло во банката пред 15 часот и заканувајќи им се на вработените одзел пари. Работниците во дуќанот од спротивната страна на улицата Првомајска, забележале дека имало инцидент дури кога дошла полицијата. Никој од вработените во околните дуќани не виделе ништо, а забележале дека нешто се случува откако забележале дека полиција стигнала во банката. Службеници од крим-техника земаа отпечатоци од објектот, кога екипата на forum.com.mk стигна на местото на настанот. Не се забележува штета во банката, ниту од надвор. Прозорците и вратите се здрави, па се претпоставува дека разбојникот влегол во банката како клиент. Вработените во банката не сакаа да соопштат детали, до официјалното соопштение, но се обидуваа да ја минимизираат состојбата, изјавувајќи дека ништо страшно не се случило. Се` уште не се знае за колкава сума пари се работи, но вработените во експозитурата на банката беа видно вознемирени од вооружениот грабеж.Извори од банката велат дека грабежот не бил успешен, односно дека напаѓачот (според нивната верзија) не успеал во заканите врз вработените. Ова е втор грабеж на експозитура на УНИ Банка за кус период, имено пре десетина дена беше ограбена експозитурата на оваа банка во трговскиот центар во „Мавровка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

