Регион
Ватикан ѝ возврати на Анкара дека папата не е на крстоносен поход
Ватикан во неделата одговори на изјавите од Турција дека поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск има „крстоносен дух“ поради тоа што го употреби зборот геноцид во опишувањето на масовните колежи врз Ерменците во текот на Првата светска војна во Османлиското царство, во текот на неговата посета на ерменската престолнина Ереван
Ватикан во неделата одговори на изјавите од Турција дека поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск има „крстоносен дух“ поради тоа што го употреби зборот геноцид во опишувањето на масовните колежи врз Ерменците во текот на Првата светска војна во Османлиското царство, во текот на неговата посета на ерменската престолнина Ереван
„Папата не е на крстоносен поход. Не се обидува да организира војни или да подигнува ѕидови, туку посакува да изгради мостови“, изјави портпаролот на Ватикан, фра Фредерико Ломбарди, додавајќи дека папата не кажал „ниеден збор против турскиот народ“.
Во говорот пред ерменскиот претседател, членовите на владата и дипломатскиот кор во Ереван, папата Франциск во петокот отстапи од претходно подготвениот текст и го употреби терминот „геноцид“, што предизвика бурни реакции во Турција, како и пред една година кога првпат го употреби.
Заменикот турски премиер Нуретин Чанакли во саботата рече дека е „многу неумесно“ тоа што папата го користи тој збор, и додаде дека „во делата на папата и папството, за жал, видливи се одразот и трагите на крстоносниот дух“.
Папата Франциск, кој во неделата се врати во Рим по посетата на древен манастир во близина на границата со Турција, зборот „геноцид“ првпат го употреби минатата годна во текот на церемонијата во Ватикан. Турција тогаш протестирајќи го повлече својот амбасадор во Ватикан на десет месеци.
Турција прифаќа дека голем број христијански Ерменци биле убиени во 1915 и 1916 година во Отоманското царство во борбите во текот на Првата светска војна, но ја оспорува бројката од 1,5 милиони жртви, тврди дека ги имало најмногу половина милион и оти немало организирано систематско истребување на Ерменците што би се сметало за геноцид. Истакнува и дека во тој период се убиени и многу муслимански Турци.
Сепак, многу земји и меѓународни организации тој масакр го карактеризираа како геноцид.
Папата Франциск на овој масакр или геноцид се повикал и на неделата утрото, последниот ден од својата тридневна посета на Ерменија, изразувајќи им почест на „многуте жртви на омразата кои пателе и ги дале своите животи за верата“.
Медиумите одбележуваат дека невообичаено, папата Франциск во Ерменија присуствуваше на христијанска литургија со која чиноначалствувал друг свештеник.
Божествената литургија ја водеше католикос Гарегин Втори, поглавар на Ерменската апостолска црква, која се одвоила од Рим во V век поради теолошките судири, и денеска е дел од источните православни цркви. Литургијата се одржа во светиот ерменски град Ечмиадзин, седиштето на Ерменската црква во близина на Ереван.
Папата своите домаќини ги одушеви неколупати говорејќи за масакрите над Ерменците, и со посетата на ереванскиот споменик на жртвите на геноцидот, и ги повика Ерменија и Турција да се помират и да ја избегнат „привидната моќ на одмаздата“.
Спорот околу масакрот и поддршката кои Ереван и Анкара ги даваат во судирите околу етничката ерменска енклава Нагорно-Карабах која е денес во составот на Азербејџан, доведоа до заострени односи меѓу Ерменија и Турција, што резултираше со затворени граници и прекин на дипломатските врски./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

