Култура
Остен добитник на признанието „Љупчо Филипов“
ОСТЕН -Скопје како долгогодишен организатор на реномираната Светска галерија на карикатури и поранешен издавач на весникот со исто име, годинава е добитник на Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија, именувано според прерано починатиот доајен Љупчо Филипов.
Во образложението за доделување на оваа престижна награда се вели дека на страниците на весникот, којшто за жал веќе не излегува,секојпат стрипот си го наоѓал своето место . Долга е листата на македонски стрип доајени коишто во весникот „ОСТЕН“ го афирмирале својот талент и израз како : Илија Поповски ,Дарко Марковиќ, Дукан Јелен,Љупчо Филипов, Спиро Џајков, Боро Пејчинов,Делчо Михајлов,Ѓуро Варга, Лазо Плавески, Киро Донев, Ацо Палитов,Бобан Пешов…
Стрипот, како начин на изразување, го наоѓа своето заслужено место и на Традиционалната Светска галерија на карикатури, преку посебна категорија и награден конкурс објавен по тој повод.
Инаку доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на традиционалниот мегународен стрип салон којшто се одржува во средината на октомври во Велес.Стрип центар на Македонија“-Велес како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас. Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз-автор, Диме Иванов-Димано -автор, Александар Сотировски- автор,, Ване Трајков- промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“-млади автори и подоцнежни оснивачи на нови стрип асоцијации , Томислав Османли,-сценарист и хроничар, Дарко Марковиќ – автор, Киро Донев-долгогодишен уредник на списанието „НАШ СВЕТ, редакцијата „Детска радост“ за своите сегашни и поранешни стрип изданија , Оливер Ромевски –стрип сценарист и промотер, како и Стрип книжарницата „БУНКЕР’. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Денес започнува европската турнеја на Националниот џез оркестар
Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена.
Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови во Европа, домаќин на врвни светски џез музичари.
„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на европските сцени, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.
Диригент е маестро Владимир Николов.
Турнејата „Macedonian Dreams“ претставува значаен чекор во афирмацијата на македонската џез сцена и во промоцијата на богатството и убавината на нашата културна традиција на европските сцени.
Култура
Изложба „Точка на спојување“ на младите уметници Јоана Арсовска и Јана Николовска во КИЦ Битола
На 15 ноември, сабота, во 19:00 часот во Алтернативен галериски простор – КИЦ Битола, Офицерски дом ќе биде отворена изложбата „Точка на спојување“ на младите ликовни уметници, Јоана Арсовска и Јана Николовска.
Изложбата ќе претстави нови дела од нивното творештво, создадени во периодот после дипломирањето. Авторките се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, и двете во класата на проф. Антони Мазневски. Јоана Арсовска истражува теми од секојдневието, додека Јана Николовска го насочува своето внимание кон спиритуалноста, теми кои ќе се обидат да ги спојат преку оваа изложба.

Алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола се состои од три засебни простории, флуидно поврзани со што се формира една интересна целина и во исто време им овозможува на авторките да се претстават секоја пооделно со своите дела, сретнувајќи се во средишниот простор. Едната од Скопје, другата од Битола, иако различни во својот уметнички израз, во уметноста ја наоѓаат својата точка на спојување.
Јоана Арсовска и Јана Николовска се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, дипломирале во 2023г. На Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Антони Мазневски. Своето уметничко образование го започнале во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ Скопје, на отсекот сликарски дизајн.
Во текот на нивното образование ги поставуваат основите на својот автентичен уметнички јазик и идентитет кој успешно го истражуваат и постојано надградуваат. И двете учествувале во групни изложби, како во текот на студирањето така и после дипломирањето. Учествувале и во други значајни проекти поврзани со нивната струка
Оваа изложба е проект на ЈОУ КИЦ Битола, финансиран од Министерство за култура и туризам, како проект од национален интерес од културата за 2025.
Култура
Недела на јапонски филм по осумнаесетти пат во Кинотеката на Македонија
Од 13 до 18 ноември Кинотеката на Македонија ги отвори својот простор и платно за уште еден исклучителен циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија.
Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество.

Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика.
Преку овој циклус, Кинотеката нуди повеќе од само проекции. Тоа е културен мост меѓу Истокот и Западот, претставувајќи ги различните аспекти на јапонскиот филм и повикувајќи ја публиката да го открие светот зад екранот. Ова патување низ јапонската кинематографија е повеќе од само уживање во филмската уметност – тоа е повик за истражување на длабочините на културата, историјата и човечките искуства.

