Забава
Крадец по 20 години со извинување го врати украденото
Анонимен арамија во предворјето на музеј дваесет години по кражбата ги оставил две илјади години старите вдлабени камења од римскиот период користени во битка, но и порака со извинување, соопшти во понеделникот портпаролката на израелскиот Државен завод за старини, Јоли Шварц.
„Украдени се во јули 1995 година и оттогаш ми донесоа само проблеми. Ве молам не ги крадете стрините“, пишувало во пораката, пренесува израелскиот портал Arutz Sheva.
Торбата со древните камења од римскиот период оставена во музејот минатата седмица ја пронашол вработен во Музејот на исламската и блискоисточната култура од Беершева. Во торбата имало и мапа на која со крст биле одбележани урнатините од древниот еврејски град Гамла од каде што камењата за катапултирање биле украдени.
Гамла е историски локалитет на Голанската висорамнина, град кој меѓу 66 и 73 година по Христа во судирите меѓу легиите на Римското царство и Евреите го уништиле Римјаните. За современ Израел тој е симбол на хероизмот и значајно историско и археолошко наоѓалиште, како и туристичка дестинација.
Римјаните со камења го гаѓале древниот еврејски град настојувајќи да се приближат до неговите ѕидини и да го освојат, вели израелскиот археолог Дани Сион, кој со години работи на ископувањето на бројните археолошки остатоци околу Гамла. „Камењата рачно ги обработувале војниците или затворениците“, појаснува.
Шварц додала дека украдените камења ќе бидат вратени меѓу другите 2.000 парчиња колку што се чуваат во музејот. Истакнала дека нивната историска вредност е непроценлива, додавајќи и дека ова не е првпат крадци на древни предмети поради грижа на совеста да ги вратат украдените предмети по подолг период./крај/мф/сн
Извор: Arutz Sheva
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашијан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth 💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од чипка
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се вери
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Џуниор, се вери со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а наскоро се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата нова свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е трет пат Доналд Трамп Џуниор да се вери. Претходно 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина започна минатата година, приближно во исто време кога Дон Џуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

