Македонија
Одреден куќен притвор за Талески
На битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е опфатен со предметот познат како „Транспортер“ кој го води Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), Основниот суд Скопје 1 – Скопје , во четвртокот му одреди 30-дневен притвор, на што тој има прави на жалба во рок од 24 часа преку овој суд до Апелационен суд Скопје.
„Жалбата на СЈО од 14-ти јуни и жалбата на осомничениот В.Т. од Битола кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како ‘Транспортер’ против решението на судија на претходна постапка на овој суд, се одбиваат како неосновани. Решението на судијата на претходна постапка од 13.06.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за лицето В.Т. се преиначува и се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 , 2 и 3 од ЗКП“, се вели во соопштението на скопскиот кривичен суд.
Истовремено, се додава во дописот од Основен суд Скопје 1, на Талески како осомничен во случајот, ми се забранува осомничениот да го напушти своето живеалиште без дозвола од судот, а доколку не се придржува на забраната, против него ќе биде определена мерка притвор.
Надзорот над куќниот притвор ќе го врши СВР Битола, при што овластени службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на осомничениот во неговиот дом.
Исто така, со денешната одлука, за секое непочитување на решението од страна на осомничениот се задолжува надлежна полициска станица веднаш да го извести Основен суд Скопје 1 -Скопје.
Талески е обвинет во предметот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство поради сомневање за незаконски тендери при организирање на транспортот на учениците од училиштата во регионот на Битола.
Талески е првоосомничен во овој случај, а покрај него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице, кои направиле 81 дејствие спротивни на Закон за јавни набавки, Закон за основно образование, Закон за средно образование.
Осомничените се товарат дека изработувале фактури со суми многу повисоки од договорените, а тие биле одобрени од директорите на училиштата. Наплатата била направена во 2012 до 2014 најчесто преку цесии оти им биле блокирани сметките поради неплатен превоз.
Специјалното јавно обвинителство од судот бара на Талески да му биде одредена мерка притвор. Двајца од осомничените се во куќен притвор, а на осуммина им се одредени мерки за претпазливост.
Битолскиот градоначалник е дел од групата политичари и нивни соработници, за кои, по целосното поништување на аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, СЈО побара да им бидат одредени мерки за обезбедување присуство, поради кривичните постапки што се отворени против нив./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

