Забава
Екс советник на Обама жали за криењето информации за НЛО
Вишиот советник на заминување на американскиот претседател Барак Обама, Џон Подеста, призна дека негов најголем неуспех изминатата година е необјавувањето на владините информации за Неидентификуваните летачки објекти (НЛО).
„Во крајна линија, мојот најголем неуспех во 2014 година: повторното не гарантирање објавување на досиејата за НЛО“, напиша Подеста на Twitter во својот последен работен ден во Белата куќа составувајќи ја листата од неговите значајни моменти и оние за кои најмногу жали во изминатата година. Како еден од главните го апострофира лишувањето на американскиот народ од вистината за НЛО.
Долгогодишната фасцинација на Подеста од феноменот НЛО е добро документирана, а имаше пауза како шеф на кабинетот на поранешниот претседател Бил Клинон, но по четири години се врати на својата страст.
Интересот на поранешниот советник на Обама за вонземјаните е добро познат за пошироката јавност во САД, имено Подеста уште во 2002 година ја истакнуваше важноста од објавување на владините информации за феноменот на НЛО, на една конференција посветена на слободата на информирањето, потсетува Fox News.
„Мислам дека е време да дадеме одговори на прашањата коишто останале во темнина, прашањата за владините истраги во врска со НЛО. Навистина треба да го направиме , бидејќи тоа е исправно. Треба да го сториме тоа, сосема искрено, бидејќи американскиот народ може да се справи со вистината. И ние треба да го сториме тоа, бидејќи е исправно“, рекол тогаш Подеста. Во 2010 година тој го напиша предговорот за популарната книга на Лесли Кинг „НЛО: Генерали, пилоти и владини функционери се снимаат“.
Во САД инаку гладот за информации за НЛО и натаму останува голем. Годинава се појави од бројните книги посветени на оваа мистерија се појави книгата на нло ентузијастот Џон Гринвалд во која се објавени нови документи од кои е трганата ознаката за доверливост од ткн „Проект Сина книга“, евиденцијата на американските воздухопловни сили за наводните средби со вонземјаните. Гринвалд е познат по тоа што со децении се труди врз оваа тема да се примени членот за слободата на информирањето.
Во секој случај, заклучуваат американските медиуми, некои податоци од инцидентот во Розвел, Ново Мексико, и натаму се извор на контроверзии проследени со теориите на заговорот дека американската армија поседува и прикрива докази на несреќата на интергалактиски вонземски вселенски брод./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три хороскопски знаци кои сите ги сакаат
Дали сте популарни во вашата заедница и дали никогаш не сте биле поканети на забава? Проверете, можеби вие сте еден од 3-те хороскопски знаци кои сите ги сакаат!
Има луѓе кои имаат природна дарба да бидат веднаш сакани од оние околу нив. Но, астролозите не уверуваат дека нашиот датум на раѓање исто така игра улога во тоа колку некој ве сака или не ве сака.
Кои се трите хороскопски знаци кои имаат популарност во џебот и ги сака целиот свет?
Хороскопски знаци кои сите ги сакаат
Лав
Можеби има репутација на егоцентричен, но во реалноста не е заљубен само во себе, туку и во светот околу него. Лавот, владетелот на петтата куќа на креативноста и романтиката, на љубовта и донесе вистинска форма на уметност, практикувана преку гестови на нежност и страст не само кон партнерот, туку и кон пријателите. Среќни се, значи, оние кои се на неговата листа на омилени.
Вага
Тешко е да не ја сакате Вагата, знакот на рамнотежа и правда. Емпатијата е во нејзината природа: затоа, таа знае што сака да слушне другата личност и нема да се двоуми да го каже тоа за да направи таа друга личност да се чувствува добро. Така Вагите автоматски ги добиваат симпатиите на луѓето. Но, кога ќе почувствува дека има некаков конфликт меѓу двајца, ќе ги остави настрана пријателствата и личните преференци и ќе бара решение кое е поправедно за сите.
Стрелец
Тие се душата на знакот за забава, знаат да се забавуваат без да се трудат премногу. Не сака да се вклопува во калапи, но не сака ниту да ги одбива поканите. Можеби толку многу ја сака својата независност што не се двоуми да ја напушти дури и долгата врска, но во секој случај, се додека го делите времето со Стрелец, навистина добро ќе се забавувате.
Забава
(Видео) Даниела Мартиновиќ сподели снимка од својот прв настап
Даниела Мартиновиќ на Инстаграм сподели извадок од нејзината книга. Во него таа се потсети на својот прв настап на Сплитскиот фестивал, кој се одржа во 1989 година.
„Мојот дебитантски настап беше забележан во мојата мала вечност со сатенска розова облека. Здолниште кое достига веднаш над коленото, сако со надуени ракави и црни сатенски ракавици. Стравот од сцената целосно ми ги исуши јазикот, непцето и усните“, опиша Даниела.
Покрај тоа, таа вклучи и неколку стехови од песната „Зумбули“, која ја изведе со групата Делфини.
Таа сподели и снимка од фестивалот, на која се слуша како ги пее споменатите стихови.
Забава
Маргарет Квали: Ми требаше една година за лицето да ми заздрави од маската во филмот „Супстанција“
Во недамнешното интервју за подкастот Happy Sad Confused, актерката Маргарет Квали откри дека ѝ била потребна една година кожата да и’ се опорави од иритацијата предизвикана од протезите на лицето користени за време на снимањето на филмот „Супстанција“. Состојбата била толку лоша што режисерката Корали Фаргеат морала да избегне да го покаже нејзиното лице во некои кадри.
„На самиот почеток во првите сцени, моето лице беше уништено“, рече Квали.
„Едноставно повеќе не можеа да го снимаат моето лице“.
Проблемите со акните предизвикани од протетиката продолжиле и по завршувањето на снимањето на филмот. Таа поминала низ овие тешкотии додека работеше на нејзиниот следен филм, Kinds of Kindness, каде играше четири лика – Вивијан, Марта, Ребека и Рут. Сепак, се покажа дека тоа е, барем делумно, предност за една од улогите во драмата на режисерот Јоргос Лантимос.
View this post on Instagram
„Го знаете ликот кој има многу акни? Па, тоа ми беа акните од протетика“, се пошегува ќерката на актерката Енди Мекдауел.
„Помислив: „Ова е совршено. Глумам многу различни ликови, а за еден од нив ќе ги искористиме моите луди протетски акни“.
View this post on Instagram
„Веројатно ми требаше една година физички да се опоравам од сето тоа“.
„Супстанција“ стана најголемото изненадување на овогодинешната сезона на филмски награди. Деми Мур го освои својот прв Златен глобус оваа година за нејзината главна улога во филмот, кој ја следи телевизиската ѕвезда која се бори додека користи мистериозна „чудотворна“ дрога за да создаде помлада и комерцијално попривлечна верзија од себе.