Скопје
Градот Скопје испрати помош за поплавените делови на Македонија
По интензивни врнежи од дожд кои ја зафатија државата и регионот и кои предизвикаа поплави во Охрид и околината, Градот Скопје во неделата доцна вечерта испрати тим составен од лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите.
Градот Скопје испрати две цистерни за влечење на вода од Јавното претпријатие „Водовод и канализација”, едно противпожарно теренско возило, како и две моќни пумпи за испумпување на вода.
Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е екипа пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број на лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија.
Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја прати состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Мицкоски ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска
„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш “патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз“, реагира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти “патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.
Ајде „патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриог менаџер во Европа кој ТИ со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е ТВОЈ избор, градоначалник кој ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.
„Патриоту“ Мицкоски, се што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе не спасуваш!“, се додава во реакцијата на Данела Арсовска.
Скопје
Герасимовски: Реконструкцијата на „Елисие Поповски“ обезбедува современа и функционална инфраструктура
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид во работните активности за реконструкција на улицата „Елисие Поповски“ во населбата Капиштец. Во тек е почетната фаза на асфалтирање. Поставен е првиот слој асфалт, наместени се бетонските рабници, а тротоарите ќе бидат поплочани со павер елементи и делумно проширени.
„Станува збор за фреквентна улица која подолг период беше во лоша состојба. Со реконструкцијата ќе обезбедиме квалитетна и безбедна инфраструктура, а ќе се зголеми и сигурноста за сите учесници во сообраќајот. Ги замолувам граѓаните за трпение, бидејќи градежните работи секогаш носат одредени предизвици, но конечниот резултат ќе биде функционална и модерна улица,“ истакна Герасимовски.
Потегот што се реконструира е долг 700 метри и се протега од Клиничкиот центар до Заводот за рехабилитација. Втората фаза започнува наредната недела, кога ќе следи финално асфалтирање и завршно уредување на површината.
Проектот се очекува да биде завршен до крајот на годината, со што „Елисие Поповски“ ќе добие современ изглед и подобрена функционалност. За реконструкцијата се издвоени 13 милиони денари од општинскиот буџет.
До крајот на годинава, Општина Центар ќе започне со реконструкција на улиците Алберт Ајнштајн, Донбас и Андон Дуков.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 11.00 часот, корисниците ул. Индустриска броеви од 4 до 27 ( општина Гази Баба )
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од полициска станица „Бит Пазар“, ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи ( општина Чаир )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Никола Парапунов 16, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов.(Општина Карпош)