Контакт

Македонија

СЈО: Пуч е одложен оти судот не ни ги доставува доказите

Објавено пред

Специјалното обвинителство побарало одложување на главната расправа за предметот Пуч бидејќи Судот не доставил копија од сите докази кои се потребни за да може ова Јавно обвинителство да се впушти во главна расправа, информираат од Специјалното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

„Првото наше барање кон Судот за достава на копии од списи и електронски докази е упатено на ден 21.12.2015 година и истото е прецизирано со барање од 09.02.2016 година.  Барањето е поднесено во смисла на членот 81 од ЗКП, кој ја уредува меѓуинституционалната соработка. Судот и после две наши ургенции со кои е укажано на неопходноста од доставување на копии, дури на ден 29.02.2016 година донел Решение со кое го одбива нашето барање за доставување копии на списи и електронски докази“, се вели во соопштението.Понатаму од СЈО додаваат дека ваквото решение е обжалено, од причина што сметаат дека наводите на Судот врз основа на кои е одбиено нивното барање во целост се неосновани.„Начелата на акузаторност и легалитет на постапката налагаат јавниот обвинител да ги поседува доказите на кои се заснова обвинението. Поради тоа се добива впечаток дека Судот врши опструкција на работата на ова Јавно обвинителство, одолговлекувајќи ја кривичната постапка и оневозможувајќи на ова Јавно обвинителство да се впушти во главната расправа“, се вели во соопштението.Освен со начинот на постапување во предметот Пуч, Основниот суд Скопје 1 Скопје, како што тврдат од СЈО, ја отежнува работата на ова Јавно обвинителство и во сите други предмети во кои побарале предметите да им бидат доставени на увид.„Од наша страна до Судскиот совет на Република Македонија ќе бидат поднесени претставки за ваквото работење на Судот“, порачуваат од СЈО.Тие уште додаваат дека имаат проблеми во соработката со повеќето институции, кои одбиваат да им ги достават информациите кои ги бараат од нив.„Определени јавни службеници и државни функционери, наместо да соработуваат со ова Јавно обвинителство и да ја почитуваат обврската за пријавување на кривични дела, се ставаат во функција да ја отежнат работата на ова Јавно обвинителство и да го прикријат криминалот“, велат од СЈО.      Од таму како институциите кои одбиваат соработка со ова Јавно обвинителство ги споменуват Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за безбедност и контраразузнавање, односно Одделот за оперативно техничка поддршка (познат како петта управа), Единицата за заштита на сведоци при МВР, Општина Битола, одредени Министерства, а на оваа листа се надоврзуваат и Управниот суд, Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.     „Кога се работи за барање за доставување предмети на увид упатено од страна на други обвинителства во Република Македонија, на ваквите барања во целост се удоволува, додека доколку од наша страна е упатено барање, Судот одбива да постапи по истото“, реагираат од СЈО. Од Специјалното обвинителство најавуваат дека поради неконзистентната пракса на работењето на Управниот суд исто така ќе бидат поднесени претставки до Судскиот совет на Република Македонија.„Што се однесува до Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажуваме дека и овие две обвинителства одбиваат да постапат по наши барања“, се вели во соопштението.Од СЈО нагласуваат дека овие две обвинителства не постапуваат по нивните барања, тврдејќи дека овие дела не произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.„Појаснуваме дека ниту една друга институција нема на увид со какви се разговори ние располагаме и во оваа насока единствено ние можеме да се произнесеме дали одредени предмети се поврзани или произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во оваа насока законот е јасен и сите институции се должни да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од законските одредби. Предвид наведеното ќе бидат поднесени претставки за работа на овие две обвинителства до Советот на јавни обвинители“, се вели во соопштението.Од овие причини, СЈО предлага измени на Кривичниот законик и воведување на ново кривично дело – Попречување на правдата, кое ќе биде во главата на кривични дела против правосудството.„Исто така, продолжува трендот на интерпретирање на работата на ова Јавно обвинителство во насока на реализација на дневно политички цели, при што повторно укажуваме дека ова Јавно обвинителство е професионална и независна институција чиј единствен фокус е борбата против криминалот“, реагира СЈО.Од таму информираат дека во рамки на ова Јавно обвинителство започнати се нови 15 предистражни постапки кои се однесуваат на проверки во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, злоупотреби на постапките кои се однесуваат на градежни работи итн. /крај/со/ст

Извор: СЈО



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јанчев од Левица по сообраќајната несреќа: Веднаш пружив помош, но бев мета на политичка хајка

Објавено пред

Пратеникот и лидер на Левица, Саше Јанчев, денеска се огласи по повод сообраќајната несреќа во која бил учесник, истакнувајќи дека во настанот се погодени најмалку три семејства и бројни блиски лица, поради што досега, како што вели, свесно молчел. Јанчев нагласува дека не сака да навлегува во детали од несреќата, но чувствувал потреба јавно да се произнесе поради, како што тврди, политичката злоупотреба на случајот.

dobivaj vesti na viber

Тој изрази жалење за сè што се случило таа вечер и посочи дека веднаш по несреќата пружил помош и повикал итни служби. Притоа, Јанчев укажа дека брзата помош, според неговите наводи, пристигнала по цели 50 минути.

Во изјавата потенцира дека бил единствениот легален учесник во сообраќајот во конкретната несреќа и отфрли тврдења дека управувал возило под дејство на алкохол или дрога, како и дека возел со непрописна брзина, оценувајќи ги ваквите информации како целосно неточни.

Јанчев реагира и на објавите во дел од медиумите дека управувал „бесен џип“, наведувајќи дека неговото возило е старо 20 години и дека станува збор за намерно креиран наратив. Според него, уште истиот ден по несреќата, владејачките партии започнале, како што рече, координирани политички напади против него.

Тој обвини дека бил јавно осуден преку партиски прес-конференции и медиумски настапи, без, како што посочи, да се постави прашањето за одговорноста на министерот за внатрешни работи и министерот за здравство. Јанчев наведе и дека од страна на власта му биле упатени закани поврзани со работата на Анкетната комисија за Кочани.

Во однос на прашањето за пратеничкиот имунитет, Јанчев истакна дека никогаш не се повикал на него и дека имунитетот, како што нагласи, не ја исклучува кривичната одговорност.

„Сето ова се прави без чувство дека во приказната не сум само јас, туку и луѓе кои се настрадани и длабоко потресени“, наведе Јанчев, повторувајќи дека искрено жали за сè што се случило и дека не знае зошто морало да дојде до таков трагичен настан.

Прикажи повеќе...

Македонија

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен

Објавено пред

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден, информираат од ТАВ Македонија.

dobivaj vesti na viber

Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат

-Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/, а патниците може да се информираат за статусот на нивните летови и на пултот за информации кој работи 24/7 со персонал кој е присутен на аеродромот и на телефонскиот број 02 3148 333.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сонце само над Водно – градот втор најзагаден во Европа

Објавено пред

Скопје денеска осамна покриено со густа магла, која целосно го проголта градот и го сокри сонцето од погледот на скопјани. Додека во низините видливоста беше значително намалена, единственото место каде што сонцето се пробиваше низ облаците беше Водно, поточно околу Милениумскиот крст.

dobivaj vesti na viber

Од височините на Водно можеше јасно да се забележи контрастот меѓу сончевото небо и густата магла што се задржа над градот, создавајќи слика на Скопје „заробено“ под сив покрив.

Покрај неповолните временски услови, денес Скопје е рангирано како втор најзагаден град во Европа, што дополнително ја влошува состојбата со квалитетот на воздухот и претставува сериозен ризик за здравјето на граѓаните.

Граѓаните повторно апелираат за итни мерки и долгорочни решенија за справување со аерозагадувањето, кое со години останува еден од најголемите проблеми во главниот град.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија10 часа

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија12 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија14 часа

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија15 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија15 часа

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија17 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ1 ден

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија2 дена

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет2 дена

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет2 дена

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет2 дена

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...