Македонија
Приврзаниците на Бошкоски протестираат пред „Идризово“, засега нема одговор од затворот
Приврзаниците на претседателот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски во понеделник излегоа на протест пред затворот „Идризово“ во Скопје, каде тој ја издржува затворската казна за случајот „Кампања“ и бараат директорот на затворот, Живко Пејковски да го потпише решението и Бошкоски во вторник да излезе од затвор.
Демонстрантите обвинуваат дека власта врши притисок врз Бошкоски да биде ослободен после предвремените парламентарни избори, иако според нив, законски директорот може да го пушти затвореникот на слобода ако одлежал три четвртини од казната, односно 90 дена пред истекувањето на казната, во случајот на Бошкоски.Адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев, за време на протестот го посети Бошкоски во затворот.„Очекуваме дека директорот ќе го потпише решението за пуштање на Бошкоски од затвор. Исполнети се законските услови и 90-те дена, за кои директорот може да отпушти осудено лице, почнуваат да течат денеска на полноќ. Директорот во секој момент може да го потпише решението. Ако му биде одземено ова право на Бошкоски, врз основа на објективни пречки, а такви пречки не постојат бидејќи и Судот и воспитувачкиот кадар во затворот имаат изразено позитивно мислење, тоа ќе значи дека Јавно обвинителство ќе треба да утврди дали постои злоупотреба на службената положба и овластување од страна на директорот“, изјави Кратовалиев.Генералниот секретар на Обединети за Македонија, Раде Милососки рече дека заменикот Министер за правда, Билјана Бришкоска Бошковска и директорката на Управата за извршување на санкции, Лидија Гавриловска вршеле притисок врз Пејковски да не го потпише решението. Бошкоски беше уапсен еден ден по изборите во 2011 година, на 6 јуни заради незаконско финансирање на изборната кампања и злоупотреба на службената положба. Неговата казна истекува на 6 јуни оваа година, но според Законот за извршување на санкции, директорот на затворската установа може да го отпушти осуденото лице и пред истекот на казната ако издржало најмалку три четвртини од казната затвор и ако не добило условен отпуст, и тоа до 30 дена за казна затвор до една година, до 90 дена за казна затвор до пет години и до 120 дена за казна затвор над пет години.Директорот на затворот, Пејковски во разговор за Макфакс изјави дека ќе излезе со став и соопштение по протестот. Според него, на Бошкоски казната му истекува на 6 јуни, а за неговото право да излезе 90 дена пред истекот на казната, рече дека можеби постојат законски пречки. Не сакаше да коментира какви законски пречки постојат во овој случај и рече дека ќе ги објасни во соопштението.На Бошкоски му се суди и за случајот „Ровер“, односно за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев како тогашен министер за внатрешни работи. За овој случај, Апелациониот суд ја враќа пресудата два пати и на обвинетите им се суди по трет пат. Сите обвинети се ослободени од притвор./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

